Бутковско Езеро
Бутковско Езеро (грчки: Λίμνη Κερκίνη, Лимни Керкини) — езеро во Егејска Македонија, дел од групата на Егејските езера.
Бутковско Езеро Λίμνη Κερκίνη | |
---|---|
Карта на Бутковското Езеро | |
Координати | 41°07′N 23°05′E / 41.11° СГШ; 23.09° ИГД |
Вид | проширено природно |
Главни приливи | Струма |
Главни истеци | Струма |
Сливни земји | Егејска Македонија, Грција |
Најг. должина | 17 км |
Најг. ширина | 5 км |
Површина | 109,96 км2 |
Најг. длабочина | 35,5 м |
Надм. височина | 35 м |
Езерото се наоѓа кај селото Бутково (Серско). Според историските податоци, во антиката се нарекувало Прасида, а во неговата околина живееле Пајонци. Херодот зборува за нивните наколни населби во Бутковското и Тахинското Езеро.
Географија
уредиЕзерото се наоѓа меѓу планините Беласица и Круша, во северниот дел на Серското Поле. Претставува котлина на текот на реката Струма. Порано било големо блато, но во 1932 г. неговата површина е зголемена со преградување на источниот и јужниот дел.Во 1982 г. браната е зголемена, со што се зголемил и водостојот за 4-8 м. Северниот дел е блатест со просторна пловна вегетација. Опколено е од ниви, плантажи со тополи и ридови, покриени со листопадни шуми. Прогласено за природен резерват.
Хидролошки податоци
уредиСе наводнува главно од реката Струма, како и од неколку мали рекички од Беласица и Круша. Езерото постојано ја менува големината во зависност од сезоната и врнежите.
Флора и фауна
уредиГнездење
уредиКај езерото гнездат следниве птици:
- мал нуркач (Tachybaptus ruficollis)
- цуцулест нуркач (Podiceps cristatus)
- голем корморан (Phalacrocorax carbo sinensis)
- мал корморан (Phalacrocorax pygmeus)
- мал воден бик (Ixobrychus minutus)
- ноќна чапја (Nycticorax nycticorax)
- жолта чапја (Ardeola ralloides)
- мала бела чапја (Egretta garzetta)
- сива чапја (Ardea cinerea)
- црвена чапја (Ardea purpurea)
- бел штрк (Ciconia ciconia)
- црн ибис (Ibis Plegadis falcinellus)
- чапја лажичарка (Platalea leucorodia)
- дива гуска (Anser anser)
- црн кожувар (Aythya nyroca)
- долгонога шлука (Himantopus himantopus)
- речна рибарка (Sterna hirundo)
- белобрада рибарка (Chlidonias hybridus) и црна рибарка (Chlidonias niger)
Во околните шуми гнездат: црна луња (Milvus migrans), орел змијар (Circaetus gallicus), краткопрст јастреб (Accipiter brevipes), мал креслав (пегав) орел (Aquila pomarina), мал орел (Hieraaetus pennatus).
Преселници
уредиЗа време на преселбите се среќаваат: цуцулест нуркач (Podiceps cristatus), обичен пеликан (Pelecanus onocrotalus), жолта чапја (Ardeola ralloides), мала бела чапја (Egretta garzetta), црн штрк (Ciconia nigra), сабјарка (Recurvirostra avosetta), бојник (Philomachus pugnax) и црноопашна блатарка (Limosa limosa).
Презимување
уредиКрај езерото презимуваат следниве птици: голем корморан (Phalacrocorax carbo sinensis), мал корморан (Phalacrocorax pygmeus), белоглав (кадроглав) пеликан (Pelecanus crispus) (600), голема бела чапја (Egretta alba), обична белочелна гуска (Anser albifrons), дива гуска (Anser anser) (200+), патка берија (Anas crecca) (макс. 40.000), дива патка (Anas platythynchos) (макс. 31.000). мала белочелна гуска (Anser erythropus) и обичен жерав (Grus grus).
Надворешни врски
уреди- Бутковско Езеро на Ризницата ?
- Портал на Бутковското Езеро Архивирано на 28 мај 2016 г. (англиски)
- Бутковско Езеро Архивирано на 6 октомври 2008 г. — EarthLife (англиски)