Црн кожувар
Ferruginous Pochard male RWD3.jpg
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Anatidae
Потсемејство: Aythyinae
Род: Aythya
Вид: A. nyroca
Биномен назив
Aythya nyroca
(Güldenstädt, 1770)

Црниот кожувар (Aythya nyroca) е средно голема водна птица од редот гусковидни, од фамилијата на патките. Таа е евроазиска птица која ја има и во Македонија.

ЖивеалиштеУреди

Црниот кожувар е птица преселница која е распространета во Европа и Азија, а презимува во северна Африка и јужните делови на Азија. Се населува крај слатководните езера, бавните реки, мочуриштата и густо обраснатите делови со водни растенија.

ОписУреди

 
Црн кожувар

Црниот кожувар тежи меѓу 400 и 700 гр, долг е 40-46 см, распонот на крилјата му е 65 см. Плива и нурка многу добро. Возрасниот мажјак има црн грб и бели очи. Белиот дел под опашката помага овој вид да се разликува од сличните видови. Женките се слични, со црн грб, и малку посветло кафена боја на телото, но со темни очи. Овие птици формираат големи јата во зима и најчесто се мешаат со други патки.

ИсхранаУреди

Овие птици се хранат со нуркање, претежно навечер. Јадат подводни растенија, мекотелци, водни инсекти и мали риби.

РазмножувањеУреди

 
Aythya nyroca

Гнездото го прават во непосредна близина на водата, често на мали островчиња или на купчиња од стара трска. Се снесуваат 6-14 жолто-зеленикави јајца. Женката ги лежи 25-28 дена, а кога ќе се испилат се доста развиени и можат да се движат и хранат самостојно. Одгледуваат само едно легло годишно.

Црниот кожувар е заштитен со Договорот за заштита на евроазиските миграторни водни птици (AEWA).

НаводиУреди

  1. Aythya nyroca. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 12 May 2006. Database entry includes a range map and justification for why this species is near threatened