Мал нуркач
Мал нуркач Шутка | |
---|---|
Перја во сезона на парење | |
Нормални перја | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Aves |
Ред: | Podicipediformes |
Семејство: | Podicipedidae |
Род: | Tachybaptus |
Вид: | T. ruficollis |
Научен назив | |
Tachybaptus ruficollis (Pallas, 1764) | |
Парење Низ годината Во зима | |
Синоними | |
Podiceps ruficollis |
Малиот нуркач или шутка (Tachybaptus ruficollis) е водна птица од семејството нуркачи која е распространета во Стариот Свет. Самиот мал нуркач е распространет во Палеарктикот.
Физички опис
уредиНајмал од сите нуркачи. Масата на телото изнесува 110-370 g, а должината на крилјата 90–111 мм. Општата боја на врвот е црно-кафеникава, а долниот дел е валкано бел. Образите и предниот дел од вратот се костенливо-црвеникави, боковите на телото се црно-кафеникави со светли шари. Летачките пердуви се кафеави, на сложеното крило е видлив бел одблесок. Клунот е црн со бел врв. Очите се жолти, а шареницата на окото е црвеникаво-кафеава. Тарзусот и стапалата се сивкаво-зелени.
Општата боја на зимското перје е посветла и позаматена. Нема костенливо-црвена боја на образите и предниот дел од вратот. Светлата жолтозелена боја на аголот од устата отсуствува. Меѓутоа, од останатите нуркачи во овој период се разликува по окер-црвената боја.
Подвидови
уредиВо зависност од големината и тоновите на бојата се разликуваат 9 подвидови од оваа птица:
- T. r. ruficollis — Европа, Северна Африка.
- T. r. iraquensis — југоисточен Ирак, југозападен Иран.
- T. r. capensis — Африка на југ од Сахара, Мадагаскар, Шри Ланка, Индустан на исток до Мјанмар.
- T. r. poggei
- T. r. philippensis
- T. r. cotobato
- T. r. tricolor
- T. r. volcanorum
- T. r. collaris.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Tachybaptus ruficollis“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 2008-11-01.