Бутково
Бутково (грчки: Κερκίνη, Керкини; до 1923 г. Μπούτκοβο, Бутково[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 980 жители (2001).
Бутково Κερκίνη | |
---|---|
Координати: 41°13.8′N 23°5.4′E / 41.2300° СГШ; 23.0900° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 38 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 980 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во Серското Поле, 51 км северозападно од градот Сер и западно од Валовишта (Демир Хисар), до западниот брег на Бутковското Езеро.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX и на почетокот на XX век Бутково било средишно село и пазарен центар со етнички мешано население Серската каза. Голем дел од машкото население се занимавало со риболов во езерото, а жените со земјоделство. Бутковци било прочуени како мајстори-риболовци, кои го продавале уловот во Валовишта.[4] Во овој период на историјата на селото се забележуваат усилби на двете најсилни странски пропаганди.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бутково (Boutkovo) имало 90 домаќинства со 110 жители муслимани и 120 жители Македонци[5].[6]
Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал:
„ | Бутково е 4 часа западно од Џумаја и на југ од Порој. Жителите се занимаваат претежно со риболов; сместено е на западниот брег на истоименото езеро. Има црква во која се служи на грчки и има грчко училиште со десетина ученици. Има 100 турски, 50 черкески, 25 ромски и 40 македонски куќи. Орудијата кои ги употребуваат за ловење се канџа — голема јадица; сашкам — копје долго до 5 со боцки на крајот; и мрежи — грип и даул.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 655 жители, од кои 220 Македонци христијани, 160 Турци, 225 Черкези и 50 Роми.[5][8] Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Бутково се состоело од 520 Македонци под Бугарската егзархија.[5] Во селото има едно основно бугарско училиште со 1 учител и 15 ученици.[9]
Во 1912 г. селото имало околу 200 куќи, од кои половината македонски, 70 турски, 30 черкески и 10 ромски. Сите живееле во одделни маала.[4]
Во Грција
уредиВо 1913 г. Бутково е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.367 жители, поради што Симовски заклучува дека селото мора да било многу поголемо отколку што го претставувале претходните извори.[3]. Во 1920 г. нивниот број изнесувал 1.816. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сето турско и черкеско население е иселено во Турција, а протерани се и 15 Македонци во Бугарија. На нивно место биле доведени 213 грчки доселеници (86 семејства).[3] Во 1928 г. Бутково е заведено како мешана македонско-дојденска населба со вкупно 832 жители,[3] во која мнозиството го имале староседелските Македонци.
Во 1940 г. селото имало 1.086 жители, кои во 1951 г. се накачиле на 1.280. а во 1961 г. — на 1.645 лица. Следниот период бележи пад на населението: 1.312 во 1971, 1.246 во 1981 и 1.214 во 1991 г.[3] Во 2001 г. е забележан пораст на 1.472 жители, но во 2011 г. бројот се спуштил на само 980 лица.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.086 | 1.280 | 1.645 | 1.312 | 1.246 | 1.214 | 1.472 | 980 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото има многу плодно земјиште кое се наводнува од Бутковското Езеро и дава високи приноси. Се произведуваат големи количства на памук, пченица, пченка и други култури, а развиено е краварството.[3]
Личности
уреди- Сократ Маркилов (1921–1993) — деец на ОМО „Илинден - Пирин“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Πανδέκτης - Μετονομασίες
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 187–188.
- ↑ 4,0 4,1 Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 24.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVI, 1891, стр. 850.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.