Краткопрст јастреб
Краткопрст јастреб | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Јастребовидни |
Семејство: | Јастреби |
Род: | Јастреб |
Вид: | Краткопрст јастреб |
Научен назив | |
Accipiter brevipes (Severtzov, 1850) |
Краткопрстиот јастреб (науч. Accipiter brevipes) е мала граблива птица од семејството на јастребите. Се размножува во шумите од јужниот дел на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија до јужна Русија. Таа е птица преселница, која зимува од Египет сè до југозападен Иран. Се сели во големи јата, што не е одлика за другите видови од ова семејство.
Опис
уредиОваа птица е мала грабливка со кратки широки крилја и долгнавеста опашка што ѝ овозможуваат лесно маневрирање низ дрвјата. Краткопрстиот јастреб е сличен на јастребот врапчар, но неговата пократка опашка и пошилести крила му даваат посоколовиден изглед. Птицата е долга 30-37 см, со распон на крилјата 63-76 см. Женките се малку поголеми од мажјаците. Мажјаците се синосиви одозгора, со темни завршетоци на крилјата и црвеникави одоздола. Женките се сивкасти одозгора со темни завршетоци на крилјата и црвенокафени одоздола. Може да покаже и темна линија кај грлото. Младенчињата се темнокафени одозгора и каено набраздени одоздола. Имаат темна линија на грлото. Летот на овој јастреб е карактеристичен „замав-замав-лебдење“. Се огласуваат со остар извик како: „кии-вик“.
Живеалиште и исхрана
уредиОваа птица живее во ридски предели, во близина на езера и реки, во подножјата на планините. Се храни со мали животни, птици, гуштери, инсекти. Најчесто лови попладне и приквечер, во низок лет, на 1-5 метри од земјата.
Размножување
уредиКраткопрстиот јастреб гнезди во дрвјата. Годишно има едно легло со 3-5 јајца. Ги квачи 30-35 дена. Младенчињата го напуштаат гнездото по четириесетина дена, но и потоа остануваат во близина на гнездото и ноќеваат таму.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Accipiter brevipes“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.