Сабјарка (птица)
Сабјарка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Сабјарки |
Род: | Сабјарка |
Вид: | Сабјарка |
Научен назив | |
Recurvirostra avosetta Linnaeus, 1758 |
Сабјарката (Recurvirostra avosetta) е блатна птица која живее на крајбрежјата и е распространета во умерените делови на Европа, западна и Средна Азија. Таа е птица преселничка која зимува во Африка или јужна Азија. Некои птици остануваат да зимуваат во поблагите делови од нивните спектар, на пример, во јужниот дел на Шпанија и јужна Англија. Сабјарката ја има во Македонија околу Дојранско Езеро и е постојан жител.
Опис
уредиСабјарката е впечатлива бела блатна птица со црни дамки. Возрасните имаат бели пердуви, освен црната капа на главата и црни дамки по крилјата и грбот. Имаат долг, нагоре свиткан клун и долги, синкави нозе. Долги се приближно 16,5 - 17,75 см, од кои клунот е околу 2,95 - 3,35 см, а нозете околу 3 - 4 см. Распонот на крилјата е 30 - 31,5 см.[2] Мажјаците и женките се слични. Младенчињата наликуваат на возрасните, но имаат повеќе сивкасти тонови.
Повикот на сабјарката се разнесува надалеку и е течно, мелодично кли-и-кли.[2]
Поведение
уредиЖивеалиште и исхрана
уредиСабјарката живее во колонии, обично меѓу 10 и 70 двојки, а при преселба се собираат и по неколку илјади во јато. Живее крај солени води, а поретко крај слатководни езера и устија. Овие птици имаат специфичен и единствен начин на исхрана, пасејќи по дното на мочуриштето, често движејќи го клунот лево-десно, како да коси.[3]). Најмногу јадат ракчиња и инсекти.
Размножување
уредиПаровите се формираат за вгнездување брзо по пристигнувањето од преселбата. По краток период на парење двојките одлучуваат да го изградат гнездото, што обично се наоѓа во близина на вода, на песок, врз ретки растенија или исушена тиња. Секогаш избира отворен простор, без густа вегетација. Обично, гнездото е мала дупка во земјата, обрабено со гранчиња, без обложување (гнездо - гребнатинка) или пак, може да биде во вид на могила, ако местото е повлажно и да се крене на висина од 7 до 10 см од земјата. Гнездат во мали колонии и со други птици. Женката несе 3-4 окер или маслинастозелни јајца со црни дамки. И двата родитела ги инкубираат во период од 23 до 25 дена. Младенчињата добиваат пердуви по 35-42 дена, по што почнуваат да летаат и се осамостојуваат. При опасност двете возрасни птици се преправаат дека се повредени и постепено се оддалечуваат од гнездото. За тоа време младенчињата се припиваат до земјата или се сокриваат меѓу мочуришните растенија. Максимална позната возраст на сабјарката регистрирана во Европа, поточно во Холандија, е 27 години и 10 месеци.
Статус
уредиВо Велика Британија во 1840 овој вид беше изумрен,[4] но во 1947 година повторно е успешно населен.[2]
Сабјарката е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водени птици-преселници.
Галерија
уреди-
Возрасна птица, се храни
-
Возрасна птица во лет
-
Пиле
-
Јајце
-
Младенче
-
Гнездо
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Recurvirostra avosetta“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X.
- ↑ Francisco Moreira(1995) "The winter feeding ecology of Avocets Recurvirostra avosetta on intertidal areas. I. Feeding strategies Архивирано на 5 јануари 2013 г." Ibis 37:92–98
- ↑ „timesonline“. Архивирано од изворникот на 2008-12-03. Посетено на 2013-06-03.
Надворешни врски
уреди„Recurvirostra avosetta“ на Викивидовите ? |
„Сабјарка (птица)“ на Ризницата ? |
- (Pied) Avocet - Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Avocets Image documentation
- Pied Avocet videos, photos & sounds Архивирано на 6 јуни 2013 г. on the Internet Bird Collection
- waarneming.nl Архивирано на 11 март 2007 г. Also sounds. This is originally a Dutch site, but you can change the language at the top.
- Avocet Images Архивирано на 18 февруари 2014 г.