Мал орел
Мал орел | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Јастребовидни |
Семејство: | Јастреби |
Род: | Орел |
Вид: | Мал орел |
Научен назив | |
Aquila pennata (Gmelin, 1788) | |
Синоними | |
|
Малиот орел (науч. Aquila pennata) е средно голема граблива птица. Го има во Македонија.
Распространетост
уредиМалиот орел се размножува во јужна Европа, северна Африка и Азија, а зимува во потсахарна Африка и јужна Азија.
Опис
уреди- Должина на телото - 47-50 см.
- Распон на крилјата - 120-127 см.
- Тежина - 750-1 000 гр, женките се покрупни.
Има светла и темна фаза на перјето. Во светлата фаза, долното перје му е бело со темни пердуви за летање, а во темната фаза целото е кафено. Во двете фази горните пердуви му се кафени, со посветли нијанси во задниот дел на покривните пердуви. Звукот кој го испушта птицата е врескаво кли-клии-кли.
Исхрана
уредиКако и другите орли и малиот орел лови мали цицачи, влекачи (гуштери) и птици петпати поголеми од него.
Размножување
уредиПарот секогаш има повеќе гнезда на својата територија, а секоја година обновува некое од нив. Се наоѓа во високи карпи или во некое погодно дрво. Обично несат 2 јајца, а лежењето трае 37 дена. Малечките го напуштаат гнездото 53 дена по испилувањето.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Hieraaetus pennatus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- Splitting headaches? Recent taxonomic changes affecting the British and Western Palaearctic lists - Martin Collinson, British Birds vol 99 (June 2006), 306-323
- Bunce, M., et al. (2005) Ancient DNA Provides New Insights into the Evolutionary History of New Zealand's Extinct Giant Eagle. PLoS Biol 3(1): e9 doi:10.1371/journal.pbio.0030009 HTML open-source article
- Lerner, H. R. L. and D. P. Mindell (2005) Phylogeny of eagles, Old World vultures, and other Accipitridae based on nuclear and mitochondrial DNA. Molecular Phylogenetics and Evolution (37): 327-346. PDF document Архивирано на 11 април 2008 г.
Литература
уреди- Clark, William S. (1987) The rufous morph of the Booted Eagle, pp. 21–24 in International Bird Identification: Proceeedings of the 4th International Identification Meeting, Eilat, 1st - 8 November 1986 International Birdwatching Centre Eilat
Надворешни врски
уреди- Booted Eagle - Species text in The Atlas of Southern African Birds
- Oiseaux Photos
- Ageing and sexing (PDF; 4.2 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 1 ноември 2013 г.
- Booted Eagle from India by Anuj Kale