Отвори го главното мени
Plegadis falcinellus

Црниот ибис или блескав ибис (Plegadis falcinellus) е широко распространета птица од фамилијата ибиси. Го има во Македонија.

OписУреди

Црниот ибис е средно голема птица, долга од 48-66 cm, со распон на крилјата од 80 до 105 cm.[2][3] Тежат од 485 до 970 грама. Возрасните птици се темнокафеави со бронзен и зелен метален одблесок. Младите се кафеави без одблесок, на главата и вратот поседуваат бела нијанса која исчезнува кај возрасните.

РаспространетостУреди

Широко е распространет во Евроазија, Африка, Австралија, Северна Америка. Презимува во Африка и Азија, каде се храни од плитките води со калливо дно обраснати со трска, понекогаш на оризовите полиња и влажните ливади.

Начин на живеењеУреди

Живеат во слатки и слабосолени водни басени, широки блата, естуари, плитки потопени и влажни ливади.

ИсхранаУреди

Црниот ибис се исхранува со водни без‘рбетници - водни инсекти, пијавици, дождовни црви; понекогаш со риби и водоземци.

РазмножувањеУреди

Црниот ибис се гнезди во густи колонии заедно со други птици - чапји лажичарки, пеликани, чапји.

НаводиУреди

  1. BirdLife International (2012). Plegadis falcinellus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. Glossy ibis videos, photos and facts – Plegadis falcinellus. ARKive. Retrieved on 2013-03-05.
  3. Hancock, Kushlan & Kahl (1992). Storks, Ibises, and Spoonbills of the World. Academic Press. ISBN 978-0-12-322730-0. 

Надворешни врскиУреди