Обична белочелна гуска
Обична белочелна гуска | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Anserinae |
Племе: | Anserini |
Род: | Anser |
Вид: | Обична белочелна гуска |
Научен назив | |
Anser albifrons (Scopoli, 1769) | |
Подвидови | |
| |
Синоними | |
Branta albifrons Scopoli, 1769 |
Обичната белочелна гуска (Anser albifrons) е тесно поврзано со малата белочелна гуска (A. erythropus). Во Европа е попозната како Белочелна гуска, а во Северна Америка како Голема белочелна гуска и ова име е усвоено на меѓународно ниво .[1] Именувана е по белите пердуви кои ги има околу клунот. Оваа гуска ја има во Македонија.
Опис
уредиОбичните белочелни гуски достигнуваат должина од 64 до 81 см, имаат од 130 до 165 см распон на крилјата и тежина од 1.93 до 3.31 кг.Тие имаат светлопортокалови нозе, сиви предуви на грбот, а карактеристични им се воочливите бели пердуви на лицето и црните линии на стомакот. Освен што е поголема од малата белочелна гуска, се разликува од неа по тоа што нема жолт прстен околу окото.[2]
Таксономија и распространетост
уредиОбичната белочелна гуска се дели на пет подвида. A. a. albifrons се размножува на далечниот север на Европа и Азија, а зимува во јужна и западна Европа. A. a. frontalis е незначително поголема и со малку подолг клун; распространета е од Сибир до арктичка Канада, а зимува во САД и Јапонија. Два подвида со ограничена распространетост живеат на север од Северна Америка A. a. gambeli и A. a. elgasi. Сите овие подвидови се слични, а се разликуваат само по големина. Единствено петтиот подвид, A. a. flavirostris која се размножува на запад од Грнеланд е многу потемна и со многу тенка бела линија кај опашката. Има повеќе црни линии и портокалов, а не розов клун. Зимува во Ирска и западна Шкотска. Неодамнешните истражувања предложија гренландскиот подвид да се одвои од A. albifrons. Интересно за овој подвид е тоа што грижата за младенчињата е многу долга,[3] дури и по неколку години, па се случува и бабите и дедовците да се грижат за младите, што би можело да биде единствен ваков пример од редот на гусковидните.
Живеалиште
уредиОбичната белочелна гуска е широко распространета во Европа, Азија и Северна Америка. Таа е типична птица преселница. Гнезди на отворени пространства - тундри, во близина на морски брег или влажни места. Во зимскиот период се храни од обработени ниви или други тревни површини.
Исхрана
уредиСе храни претежно со растителна храна, зрнести култури, а понекогаш нанесува штети на насадите на нивите.
Размножување
уредиПочетокот на гнездењето е обично во втората половина на јуни. Малечките се испилуваат во втората половина на јули. Гнездото го сместуваат директно на земја, во мала дупка слабо послана со сува трева, мов и пердувчиња. Несат 3-6 јајца кои ги инкубираат 27-28 дена. За време на инкубацијата и одгледувањето на малечките, мажјакот е постојано до женката. Кога ќе се испилат, малечките се доволно развиени да может да се движат и хранат самостојно. Во август, кога малечките се потпораснати, обичната белочелна гуска образува мешани јата со други патки и гуски.
Галерија
уреди-
Anser albifrons
-
Anser albifrons frontalis
-
Одејќи по мраз
-
Обични белочелни гуски во лет
-
Илустрација
-
Museum specimen
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Anser albifrons“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 May 2006.
- ↑ Perrins, Christopher M.; Attenborough, David (1987). New Generation Guide to the Birds of Britain and Europe. Austin, TX: University of Texas Press. стр. 76–77. ISBN 0-292-75532-5.
- ↑ Fox, A.D. & Stroud, D.A. (2002): Greenland White-fronted Goose. Birds of the Western Palearctic Update 4(2): 65–88.
Надворешни врски
уреди- RSPB: Обична белочелна гуска
- Обична белочелна гуска – Cornell Lab of Ornithology
- Обична белочелна гуска – USGS Patuxent Bird Identification InfoCenter
- Обична белочелна гуска, видеа, фотографии и звуци Архивирано на 8 мај 2014 г. на Internet Bird Collection