Мал орел кликач

(Пренасочено од Мал креслав орел)
Мал орел кликач
Возрасен
Заблежи ги белите дамки на крилјата и белиот V знак на опашката
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
(или Јастребовидни)
Семејство: Јастреби
Потсемејство: Глувчари (спорно)
Род: Орел
Вид: Мал орел кликач
Научен назив
Aquila pomarina
Brehm, 1831
Распространетост: лето (светлозелено) и зима (сино)

Малиот орел кликач (науч. Aquila pomarina) е голема граблива птица распространета низ источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Како сите типични орли, тој припаѓа во семејството на јастребите.

Опис

уреди
 
Цртеж на мал орел кликач

Малиот орел кликач е средно голем орел, со должина од околу 60 см, и распон на крилјата од 150 см. Главата и горните пердуви на крилјата му се светлокафеави во контраст со целосно темното перје. Главата и клунот му се мали за орел. Обично имаат бели дамки на горниот дел од крилјата и карактеристичен V бел знак кај опашката.

Младенчињата имаат помалку контрастни бои на крилјата.

Повикот му е како кучешко јип.

Систематизација

уреди

Оваа птица порано се сметала за подвид на постојаниот жител на индискиот вид - индиски орел кликач (Aquila hastata), кој во суштина многу се разликува според морфологијата, поведението, животната средина и ДНК-анализата. Европскиот вид, всушност е многу поблизок до големиот орел кликач, чиј претходник дивергирал некаде во средниот плиоцен, пред 3.6 милиони години [2] од предците на индиските птици. Праорелот кликач, најверојатно живеел во регионот на Авганистан, и се разделил на северна и јужна линија кога започнало последното ледено доба. Северната линија се разделила на источните и западните денешни видови.[3]

Како група, орлите кликачи доста се разликуваат од типичните, „вистинските“ орли.

 
Две јајца во гнездо

Денешниот вид понекогаш се хибридизира со големиот орел кликач. Ваквите хибриди речиси е невозможно да се идентификуваат ако не се погледнат убаво одозгора.[4]

Распространетост и живеалиште

уреди

Малиот орел кликач се размножува во централна и источна Европа и југоисточно до Турција, а зимува во Африка. Овој вид живее во отворена земја, со малку шума, каде лови мали цицачи и друг сличен плен. Гнездото го прави на дрво, а несе 1-3 бели, со жолтеникави точки, јајца. Како и другите орли, само ако имаат богато ловиште одгледуваат повеќе од едно младенче. Женката ги лежи јајцата откако ќе го снесе првото, а кога тоа ќе се испили, обично ги надраснува другите и порано или подоцна ќе ги убие или изеде останатите.

Белешки

уреди
  1. BirdLife International (2012). Aquila pomarina. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. The estimate in Väli (2006) is certainly incorrect; it uses a molecular clock that is appropriate for small passerines with half the generation times of eagles.
  3. Parry et al. (2002), Rasmussen & Anderton (2005), Väli (2006)
  4. Väli & Lõhmus (2004)

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Svensson, Lars (1987) Underwing pattern of Steppe, Spotted and Lesser Spotted Eagles, pp. 12–14 in International Bird Identification: Proceeedings of the 4th International Identification Meeting, Eilat, 1st - 8th November 1986 International Birdwatching Centre Eilat

Надворешни врски

уреди