Мала белочелна гуска

вид птица
Мала белочелна гуска
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Anserinae
Племе: Anserini
Род: Anser
Вид: Мала белочелна гуска
Научен назив
Anser erythropus
(Linnaeus, 1758)
Мала белочелна гуска
Anser erythropus
Anser erythropus

Малата белочелна гуска (Anser erythropus) е многу слична на обичната белочелна гуска и е распространета во Азија, но исто така ја има и во Европа и Македонија, како и во северниот дел на Скандинавскиот Полуостров.

Опис

уреди

Малата белочелна гуска е долга од 53 до 66 см и има распон на крилјата од 120 до 135 см. Таа е позната по своите светлопортокалови нозе и глувчеста боја на горните делови од крилјата. Карактеристично за нејзе е тоа што таа има воочливо бело лице, широки црни ленти кои поминуваат низ стомакот и жолтите прстени кои се наоѓаат околу очите. Нивната раса се смета дека е една од загрозените видови, но има програми кои ги воведуваат овие животни во дивината за нивната популација да зајакне.

Размножување

уреди

Малата белочелна гуска е моногамна птица. Гнездото го прави директно на земја, често скриено под некој даб. Несе 4-5 белокремасти јајца, со големина 76 х 49 мм и просечна тежина од 100 g. Ги инкубира само женката 25–28 дена. Малечките се испилуваат доволно развиени за да можат самостојно да се движат и хранат.

Популацијата на Скандинавскиот Полуостров

уреди

Ова генетско различно население се проценува на околу 20 пара за размножување или од 60 до 80 од вкупниот број поединци. Тие се одгледуваат во Северна Норвешка, а зимуваат во Грција, Бугарија и Турција. Нивно собиралиште е место кое се наоѓа во Унгарија, каде птиците поминуваат до два месеца во есента и еден месец во текот на пролетната преселба.[1]

Наводи

уреди
  1. Lengyel S, Tar J, Rózsa L (2012). „Flock size measures of migrating Lesser White-fronted Geese Anser erythropus“ (pdf). Acta Zoologica Academiae Scientiarum Hungaricae. 58: 297–303.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Anser erythropus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 9 May 2006.

Надворешни врски

уреди