Мал воден бик

Мал воден бик
Ixobrychus minutus -Barcelona, Spain-8.jpg
Возрасна женка од Шпанија
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Aves
Ред: Pelecaniformes
Семејство: Ardeidae
Род: Ixobrychus
Вид: I. minutus
Биномен назив
Ixobrychus minutus
(Linnaeus, 1766)

Малиот воден бик (Ixobrychus minutus) е птица од редот на чапјите, од фамилијата на штрковидните. Потекнува од стариот свет, а се населил и во Африка, централна и јужна Европа, западна и јужна Азија и на Мадагаскар. Птиците што живеат во умерениот појас на Европа и западна Азија се преселници, зимувајќи во Африка или јужна Азија, а оние што се гнездат во тропските краишта се седентарни (не се селат).[2]

ТаксономијаУреди

Има три подвида:

  • Ixobrychus minutus minutus (Linnaeus, 1766). Европа, Азија, северна Африка; зиме во субсахарна Африка или јужна Азија;
  • Ixobrychus minutus payesii (Hartlaub, 1858). Постојан жител на субсахарна Африка;
  • Ixobrychus minutus podiceps (Bonaparte, 1855). Постојан жител на Мадагаскар.

Австралиската мала чапја (Ixobrychus dubius) и изумрената Новозеландска мала чапја (Ixobrychus novaezelandiae) формално се сметаат за подвидови на Малиот воден бик.[3]

ОписУреди

 
Младенче

Малиот воден бик е многу мала чапја, од 25 до 36 см висока, со распон на крилата од 40 до 58 см и тежина од 59 до 150 g. Тоа е најмалата чапја во светот. Има краток врат, долгнавест клун и светложолти делови од телото. Кај мажјакот, грбот и темето се црни, а крилата им се црни со големи бели линии. Женките, пак, имаат покафенест грб и жолто-кафени линии на крилата.

ОднесувањеУреди

Животната средина на Малиот воден бик е честакот. Прави гнездо на платформата од трската во џбуњето. Излегнува 4-8 јајца. Тешко може да се види од густите трски и прикриениот начин на живот. Се храни со риби, инсекти и водоземци.

ГалеријаУреди

ПогледниУреди

НаводиУреди

  1. BirdLife International (2012). "Ixobrychus minutus". IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 5 July 2012.
  2. Rasmussen, Pamela C. and John C. Anderton (2005) Birds of South Asia. The Ripley Guide
  3. Christidis, Les; Boles, Walter E. (2008). Systematics and Taxonomy of Australian Birds. CSIRO Publishing. ISBN 978-0-643-06511-6.

БиблиографијаУреди

Надворешни врскиУреди