Водна површина

Водна површина или водена маса е забележлива акумулација на вода како океан, езеро или река на Земјата или друго небесно тело. Некои водни површини можат да бидат вештачки - езерце, езеро или пристаниште, но највеќето се природни. Водените површини кои се пловни се нарекуваат водени патишта.

Каналот Ламанш кој ги дели Велика Британија и Франција

Изразот водна површина или водена маса поретко се користи за води во движење како реки, потоци и канали.

Видови водни површиниУреди

  • Акумулација - или вештачко езеро, долема површина каде се чува вода за разни потреби.
  • Бара - мала водна површина од стојна вода
  • Базен - мала водна површина како пливачки базен, отсјаен базен, езерце или локва.
  • Басен - подрачје каде дождовница или снег се слева надолу во друга водна површина, како река, езеро, устие, мокриште или океан.
  • Брана - препрека преку вода која ја го навртува текот надолу, создавајќи езеро или друга акумулација.
  • Брод - преминлив дел од река или друга водна површина
  • Вруток - самиот почеток (место на извирање) на една река.
  • ледничко езеро - езеро кое се формирало со топењето на еден ледник по планина
  • Драга - крајбрежен земјиштен облик. Ова е кружен теснец со тесен приод или пак закрилен залив.
  • Езеро - слатка водна површина со значајна површина, сместена во рамките на едно копно.
  • Езерце - најчесто вештачка водна површина слична на езерото.
  • Залив - водна површина ограничена со копно од три страни.
  • Затон - водена површина, обично слатка со карактеристики на едно или повеќе од следниве: залив, затон, драга, устие, ферт, фјорд, морски лох, мореуз и сл.
  • Канал - физичко ограничување на една река, поток или теснец кој се состои од насипи (брегови) и тло.
    • Вештачки канал - вештачки воден пат, обично поврзан со (или поврзувајќи) постоечки езера, реки или океани.
  • Лагуна - окмпаративно плитка солена водна површина одделена од подлабокото море со плиток или издаден песочен насип, корален гребен или сл.
  • Локва - мала акумулација на вода на тлото.
  • Лох - водна површина како езеро, морски затон, ферт, фјорд, устие или залив.
  • Мокриште - предел со суви и мокри карактеристики, кој зависи од особеностите на обете.
  • Море - голема солена водна површина врзана со океан, или пак големо солено езеро како Каспиското Море и Мртвото Море. Во секојдневниот говор честопати океаните се нарекуваат мориња.
  • Мореуз - голем морски или океански затон поголем од залив, со забележителна длабочина, поширок од фјорд, кој всупшност може да биде и тесен морски или океански канал меѓу две копна.
  • Мочуриште - мокар предел со постојана потопеност и своја флора и фауна.
  • Океан - најголема солена водна површина, која вкупно зафаќа 71% од Земјината површина.
  • Поток - мала рекичка.
  • Пристаниште - вештачко или природно место каде пловилата се оставаат и/или се засолнуваат од временските прилики.
  • Проток - тесен воден канал кој поврзува две поголеми водни површини, и така се протега меѓу две копна.
  • Река - природен воден пат со вода добиена или заради нагиб или топење на ледник, која тече од повисок во понизок терен.
  • Устие - полузатворена кребрежна водна површина каде една или повеќе реки или потоци се влеваат, во слободна врска со отвореното море
  • Ферт - ова се разни кјрабрежни води во Шкотска. Обично се однесува на голем морски залив, устие, затон или проток.
  • Фитотелма - мали дискретни водни маси во растенија.
  • Фјорд - засек во релјефот кој дошол до израз заради релативното подигање на морското ниво.

ПоврзаноУреди