Васил Априлов
Васил Евстатиев Априлов (бугарски: Васил Евстатиев Априлов) (21 јули 1789 – 2 октомври 1847) бил бугарски просветител.[1] Учел во Москва, завршил гимназија во Брашов и потоа кратко време следел медицина во Виена. После 1811 бил трговец во Одеса. Првично учествувал во грчкото револуционерно движење, а потоа и во бугарското, благодарение на Јуриј Венелин, чија книга „Старите и сегашните Бугари и нивните политички и религиозни односи со Русите“ (1829), побудила посебен интерес кај него.[2] Од тогаш, тој започнал да собира бугарски народни песни. По негова иницијатива заедно со неколку Бугари од Габрово кои живееле во Букурешт, била основана Националната Априловска гимназија во Габрово. Ова било првото бугарско секуларно училиште во кое се предавало по методот на Бел-Ланкастер.[3] Учител во ова училиште бил јеромонахот на Рилскиот манастир Неофит, а книгите потреби за школото бесплатно биле печатени во српската државна штампарија. Појавата на ова училиште му даде поттик на бугарското образование и набрзо биле отворени и други училишта во регионите населени со Бугари во Османлиската империја.
Васил Априлов | |
---|---|
Роден(а) | 21 јули 1789 Габрово, Османлиска империја (денес Бугарија) |
Починал(а) | 2 октомври 1847 Галац, Молдавија (денес Романија) | (возр. 58)
Наводи
уреди- ↑ MacDermott, Mercia (1962). A History of Bulgaria 1395–1885. New York: Frederick A. Praeger. стр. 125. Посетено на 18 June 2021 – преку Internet Archive.
- ↑ Manufacturing Middle Ages: Entangled History of Medievalism in Nineteenth-Century Europe. 2013. ISBN 9789004244870.
- ↑ Crampton, Richard J. (1997). A Concise History of Bulgaria. Cambridge University Press. стр. 60–62. ISBN 0-521-56719-X.
Надворешни врски
уреди- Васил Априлов на Ризницата ?