Внатрешна револуционерна организација
Внатрешната револуционерна организација (ВРО) — бугарска националнна револуционерна организација, основана и организирана од страна на Васил Левски во периодот 1869-1872 година. Внатрешната револуционерна организација била мрежа од револуционерни комитети. Создадени биле на територијален принцип. Управувани биле од Централниот комитет познат како „привремена влада во Бугарија“ или „централен револуционерен комитет во Бугарија“. Ловечкиот револуционерен комитет официјално бил назначен со улогата на централен за Внатрешната револуционерна организација. Основан бил во есента на 1871 година. Основањето на ВРО ги одразувало идеите на Васил Левски, дека центарот на револуционерната активност треба да биде преместен од бугарските емигрантски кругови во Романија кон бугарската земја. Во 1871 година Васил Левски подготвил Устав на организацијата. Целта била ослободување на Бугарија од Турците преку национална револуција на народот и создавање на демократска република со гаранции за еднаквост на сите жители без разлика на нивниот етнос и религија. Васил Левски и претседателот на Бугарскиот револуционерен централен комитет Љубен Каравелов сфатиле дека идниот успех на вооружената борба зависи од соработката на емиграцијата и внатрешни комитети. Двете организации подготвиле и усвоиле заедничка програма и статут, и гласаале за нивното спојување на генералното собрание на БРЦК (29 април - 4 мај 1872 година). Васил Левски бил именуван како главен апостол на цела Бугарија, Тракија и Македонија,[1] и добил полномоштво да управува со структурите изградени во Бугарија. Во есента на 1872 година почнало основањето на револуционерните окрузи.
Во истото време Димитар Општи од Ѓаковица, Косово бил испратен за помошник на Левски од страна на БРЦК во Букурешт. Општи посакал од Левски да стане апостол на цела Македонија и да изгради мрежата на ВРО таму,[2] но Левски немал доверба во него и го одбил. По инсистирање на Ловечкиот револуционерен комитет на Општи му се дала слобода да презема акциии во регионот на Тетевен-Софија. Во овој ограничен регион Општи организирал грабеж на конвој на Турската државна финансиска служба на 22 септември 1872 година. Нападот бил смислен за да се финансира национално-ослободителното движење. Иако нападот да бил успешен, акцијата се претворила во провалување. Подоцна Општи бил уапсен. Воден од надежта дека ќе успее да даде политички карактер на процесот и дури да доведе до интервенција на Големите сили, Општи направил сериозни разоткривања за комитетската мрежа. Неговото сведочење било основата на акција на османските власти, кои нанеле тежок удар врз ВРО и довели до апсењето на Левски, што сериозно ја ослабело организацијата. Општи исто како и Левски биле обесени.
Целите и основните принципи кои ја раководеле работата на Внатрешната револуционерна организација влијаат подоцна на создавањето на следните револуционерни организации: Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација ВМОРО (активна во Отоманското Царство од 1893 до 1913 година), Внатрешната македонска револуционерна организација ВМРО (активна во Пиринска, Вардарска и Егејска Македонија од 1919 година до 1934 година), Внатрешната тракиска револуционерна организација ВТРО (активна во Беломорска Тракија од 1922 до 1934 година), Внатрешната добруџанска револуционерна организација ВДРО (активна во Добруџа од 1923 до 1934 година) и Внатрешната западнокраинска револуционерна организација ВЗРО (активна во Западните покраинини од 1923 до 1934 година).
Наводи
уредиЛотература
уреди- Historical dictionary of Bulgaria, Item 46 of European historical dictionaries, Scarecrow Press, Inc., 2006, ISBN 0810849011, p. 228.
- Barbara Jelavich: The establishment of the Balkan national states, 1804-1920, во Том 8 на A History of East Central Europe, University of Washington Press, 1986, pp. 136–137, ISBN 0295964138, Online верзија
- Maria N. Todorova: Bones of Contention: The Living Archive of Vasil Levski and the Making of Bulgaria's National Hero, Central European University Press, 2008, ISBN 9639776246, PP. 276–278, Online верзија