Бугарска преродба

Бугарската преродба е период во историjата на бугарскиот народ за време на турското ропство. Бугарската преродба претставува будење на бугарската национална свест, борба за бугарска просвета, црква и држава.

Почеток и тек на преродбата

уреди
 
Историjа словенобугарска на Паисиј Хилендарски
 
Погубувањето на Васил Левски во 1873 г.

Историографиjата во Бугарија до средината на XX век смета за зачетник на идеологиjата на бугарската преродба калуѓерот Паисиj Хилендарски, кој во 1762 година напишал првиот бугарски преродбенички текст "Историjа словенобугарска". Денешните бугарски историчари тврдат дека Преродбата е долг културно-историски процес, започнал во ХVІІІ век, којшто не може да биде зависен само од една историска личност[1].

Познати се повеќе од 60 ракописни преписи на "Историjа словенобугарска" пред таа да биде печатена во 1844 година под името "Царственик". Книгава на Паисиj Хилендарски претставува преродбеничка бугарска национална програма и имала влијание врз бугарските национални деjци. Во неговата историjа читаме:

Бидете внимателни вие, што читате и слушате, родe бугарски, кои го сакате и имате во срцето своjот род и своjата бугарска татковина и имате желба да знаете тоа што се знае за своjот бугарски род и вашите татковци, дедовци, прадедовци и цареви, патријарси и светци како се наjпрво живели и делували. За вас е неопходно и вредно да знаете што е познато за делата на вашите татковци како што знаат сите други племиња и народи за своjот род и јазик, имаат историjа и секој писмен од нив знае, раскажува и е горд на своjот род и јазик.

Друг напор прави рускиот автор Јуриј Венелин, кој во 1829 година објавува книга преку која бугарските Словени ги прогласува за одделен словенски етникум - Бугари. Напорите на Венелин наишле на големо одобрување кај бугарските еминентни преродбенски кругови, кои сакале да бидат признаени на Балканот како одделен етникум. Исто така во Русија тие напори биле поддржувани од рускиот империализам, кој имал намера да создаде голема словенска православна држава со името Бугарија под нејзина контрола, преку која би излегла на Егејското Море и Босфор. Тие интереси неретко биле штетни за самите Бугари, кои Русија ја гледале како еден нов поробувач (како што вели бугарскиот апостол на слободата Васил Левски во своите писма) и некои од големите бугарски успеси како афирмациjата на Бугарската Егзархиjа се остварени во борбата против руските интереси, кои ја поддржувале идеjата за единствена и сеопшта православна Цариградска патријаршиjа.

Подоцна, по заедничка децениска борба на бугарските и македонските елити и народи, е создадена бугарската црква - Бугарската Егзархиjа (1870), а по Априлското востание од 1876 и Руско-турската воjна од 1877/8 и државата Кнежевството Бугарија (1878).

Наводи

уреди
  1. Генчев, Николай. Българско възраждане, София 1988, с. 6-7

Надворешни врски

уреди