Бадолен

село во Општина Ново Село
(Пренасочено од Бадилен)

Бадолен или Бадилен — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Бадолен
Бадолен во рамките на Македонија
Бадолен
Местоположба на Бадолен во Македонија
Бадолен на карта

Карта

Координати 41°27′59″N 22°57′59″E / 41.46639° СГШ; 22.96639° ИГД / 41.46639; 22.96639
Општина Ново Село
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 567 м
Бадолен на општинската карта

Атарот на Бадолен во рамките на општината
Бадолен на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа на крајниот источен дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден, а чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Република Бугарија. Припаѓа на Општината Ново Село. Населбата е ридска, на надморска височина од 620 метри. Поради својата периферна положба, населбата од градот Струмица е оддалечена 35,5 километри, а од патот Струмица-Ново Село-граничен премин 6,8 км.

Историја уреди

Името го има добиено од зборот „бадел“, што значи чичка, односно диво трнливо растение. Во почетокот на XX век селото било во состав на Петричката околија и било поделено на Велики и Мали Бадилен.

Стопанство уреди

Атарот е голем и зафаќа простор од 21,9 км2, но не е доволно искористен. На него пасиштата заземаат површина од 1001,4 ха, на шумите отпаѓаат 886,2 ха, а на обработливото земјиште 200,9 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948353—    
1953432+22.4%
1961413−4.4%
1971304−26.4%
198113−95.7%
ГодинаНас.±%
19912−84.6%
19942+0.0%
20023+50.0%
20212−33.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[3]

Бадилен е второ најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 304 луѓе и 54 семејства. Оттогаш започнува масовното иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово. На пописот од 2002 година забележани се само тројца луѓе и две семејства.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 750 856 353 432 413 304 13 2 2 3 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи уреди

Училиштето во Бадилен, поради недостаток од деца веќе не функционира.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1779 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата на селото Бајково.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости уреди

Во селото се наоѓа црквата „Успение на Пресвета Богородица“, посветена на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), што се одбележува на 28 август. Сепак, бадиленците кои живеат во Ново Коњарево и Самоилово, доаѓаат овде следниот ден, на 29 август. Селската слава се празнува на 6 мај, кога бадиленци повторно доаѓаат во селото и „колат курбан“. На 100 метри од селото се наоѓа македонската гранична караула.

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 16.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.

Надворешни врски уреди