Турци

(Пренасочено од Турчин)

Турците се туркиски народ[2] генерално поврзан со Турција и со турскиот јазик. Турците настанале со мешање на туркиските племиња со индоевропските народи (Персијците, Ерменците, Грците, Курдите и Словените). Бројноста на Турците е околу 80[1] милиони луѓе од кои најголемиот дел живее во матичната земја Турција, а големи турски заедници има и во Германија (околу 2,7 милиони[3]), Бугарија (800 илјади[4]), Кипар (180 илјади или 18,3% од вкупното население, претежно населени во северниот дел), Грција, Белгија, Франција, САД итн. Според пописот од 2002 година, во Република Македонија како Турци се изјасниле 77.959 луѓе. Според верската припадност, мнозинството Турци (околу 98%) му припаѓаат на сунитскиот ислам.

Турци
(Türkler)
Вкупен број на населението 60,000,000[1]
Региони каде што живее етничката група
Јазик турски
Религија претежно ислам

Турците како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Турците како тема во книжевноста

уреди
  • „Еро и Турчинот“ (Еро и Турчин) - српска народна приказна.[5][6]
  • „Што е најлошо на светот, или Пијан Србин и гладен Турчин“ (Шта је најгоре на свијету, или Пијан Србин и гладан Турчин) - српска народна приказна.[7]
  • „Мало Турче, ама чисто турски зборува“ - македонска народна приказна.[8]
  • „Итар Пејо и Турчинот“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.[9]

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Турците се „љубоморни како горили“.[10]

Турците како тема во музиката

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Турци
  2. Туркиски народи
  3. Турци во Германија
  4. [1]
  5. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 150.
  6. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 413-414.
  7. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 412.
  8. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 17.
  9. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 14-16.
  10. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111.
  11. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Turk (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)