Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Борисово
Црква „Св. Кирил и Методиј“ — македонска православна црква која се наоѓа во селото Борисово, Општина Ново Село.
Свети Кирил и Методиј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Борисово |
Општина | Ново Село |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Кирил и Методиј |
Изградба | 1978 |
Завршено | 1980 |
Ктитор | Васе Сапунџиев |
Зограф | Дончо Киров |
Архитектонски опис |
Црквата започнала да се гради во 1978 година, а била завршена во 1980 година од страна на мајсторите Васе Сапунџиев од Борисово, Таче Пандев од Мокриево и Тушо Атанасов од Габрово. Црквата била осветена од г.г. Гаврил, митрополит Повардарски. Иконите во црквата се насликани од Дончо Киров од Секирник во 1980 година, а дарител на иконите е Глигор Василев со фамилијата. Иконостасот се состои од три реда на икони, при што во вториот ред има само две икони, на Свети Василиј Велики и Свети Григориј Златоуст, а има празен простор оставен за другите икони. Во куполата е претставен Исус Христос Вседржител, како старец. Во дворот се наоѓа и крстилница.
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди„Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Борисово“ на Ризницата ? |