Герасим Струмички
Герасим Струмички ― струмички митрополит при Бугарската егзархија.
Герасим Струмички | ||
Роден | 5 октомври 1860 Мустафа Паша, Одрински Пашалак, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 1 декември 1918 Софија, Царство Бугарија | (возр. 58)|
Почивалиште | Црква „Св. Кирил и Методиј“, Струмица | |
Занимање | свештеник |
Животопис
уредиТој бил роден во тракискиот град Мустафа Паша (денес Свиленград) во 1860 година. Завршил духовно училиште во Одрин и примил монашки чин. Своето образование го продолжил на духовната богословија во Киев, која ја завршил во 1889 година. До 1891 година бил законоучител во Солунската машка гимназија и ѓакон. Истата година станал јеромонах и бил испратен од Бугарската егзархија за претседател на градот Струмица. На 20 јули 1894 година, тој бил ракоположен за архимандрит.
На 22 декември 1897 година, Герасим Струмички бил избран за канонски струмички митрополит на Струмичката епархија. Исто така со подигањето во архиерејскиот чин, тој влегол во остар судир со раководството на Струмичкиот револуционерен округ на ВМОРО, и подоцна со Христо Чернопеев, претседателот на Струмичкиот окружен комитет. Судирот се заострил особено во 1905 година, по второто осудување „условно“ на смрт, од страна на Струмичкиот регионален конгрес.
Во зборовите, кажани од владиката по повод упатениот укор, тој изјавил:
„Власта ме брка и сака да ме тргне од Струмица, затоа што сум бил со Комитетот, а Комитетот сака од мене пари и ме гони, бидејќи не сум со него!“
Тој е автор и на некои научни трудови со етногеографска и црковна тематика. Ктитор бил на соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Струмица.
Герасим Струмички починал на 1 декември 1918 година во Софија. Бил погребан во криптата на соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.