Бозовачко Eзеро
Бозовачко Езеро (или Бозовачка Локва, Сорупа назив од мештаните според истоимениот цирк) — најмало ледничко езеро на Шар Планина, кое не се вбројувало во минатото ниту во 27. леднички езера на самиот масив, туку како дел од Шарските локви.
Бозовачко Езеро - Сорупа Бозовска Локва / Сорупа | |
Површина | 287 м2 |
Должина | 39,9 м |
Ширина | 10,2 м |
Надморска висина | 2.107 м |
Планина | Шар Планина |
Местоположба и именување
уредиЕзерото се наоѓа северозападно од Бозовце на надморска височина од 2.107 метри. Истото се протега во насока југозапад-североисток.[1]. Сместено е во циркот Сорупа, според кој од месното население и се именува како Сорупа , додека имињата Бозовечко Езеро и Локва се дадени од научната и стручна јавност при проучувањата за студијата на националниот парк Шар Планина, и се непознати и не се користат од мештаните. Веднаш над самото езеро и цирк се издигнува врвот Залина висок 2495 м.
До езерото Сорупа води патека која започнува од широкиот земјен пат од Бозовце во долината на Лешница, кој потоа кај Бозовечките бачила преминува во тесна пешачка патека која продолжува по падината кон северозапад.
Одлики
уредиХранењето на езерската вода се врши со топење на околните мразници. Bеднаш непосредно на југоисток над езерото постои силен извор на вода кој се влева во самото езеро, а потоа и продолжува да истекува во долината на Лешница. Од ова езеро нема постојана истека, односно празнењето се врши со испарување на водата.[1]. Се одликува со многу бистра и студена вода и бело тињесто дно.
Мерења во 2020 г.
уредиПред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 287 м2, долго е 39,9 метри, а широко е 10,2 метри.[1]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во
|title=
во положба 31 (help)