Лешница (Шар Планина)

долина на Шар Планина

Лешницадолина на Шар Планина. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат.[1] На југозапад е оградена со највисокиот Титов Врв, додека на југоисток со вториот највисок врв Бакардан, на запад со Среден Камен и на исток со Плат, додека кон север е отворена и се спојува со долината на реката Пена, во нејзиното горно сливно и изворишно подрачје. Се дели на Долна Лешница на надморска височина од 1450 метри и Горна Лешница од 2221 метар надморска височина.[2][3]

Долината Лешница во зима, погледната од врвот Бакардан
Поглед кон долината на Бозовска Река (месното име за Пена), Горна Лешница, меѓу Среден Камен и Плат

Се одликува со изразит алпски крајолик и карактер, со високи карпи, тревнати предели и густа зимзелена и букова шума, односно изобилува со иглолисна, букова и друга мешана шума, како и со богата ендемска флора и фауна која може да се најде само на ова место[4], особено до шумски плодови како боровинки, малини и разни видови билки и растенија. На карпестиот предел помеѓу Долна и Горна Лешница постои голем и повремен водопад, кој е особено силен во пролетниот и летниот период. До долината Лешница може да се стигне од Попова Шапка и тоа преку 2 правци: преку Јелак и врвот Плат или преку Церипашина, а исто така може да се пристапи по патеки кои водат од селото Бозовце.

Лешница е многу посетена од планинарите особено од алпинистите и од планинските трчачи кои на Лешница имаат организирано вертикална трка на 1 километар, односно 1000 метри висинска разлика. Над шумскиот предел на Лешница постојат неколку бачила, а низ самата долина протекува малата Лешничка Река, која е десна притока на Пена.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „с. Бозовце – Долна Лешница – Кривошијски Водопад“. turnimedakinisam.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-28. Посетено на 31 јули 2023.
  2. Александар Стојаноски (6 септември 2019). „Магијата на Лешница и Кривошијските слапови“. doma.edu.mk. Архивирано од изворникот 2022-07-06. Посетено на 31 јули 2023.
  3. „Предлог за 8-ми Септември: Лешница и преубавите водопади на Кривошијска Река“. kajak.mk. 7 септември 2020. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 31 јули 2023.
  4. Георгиоски, Александар (23 септември 2015). „Лешница – „Срцето на Шарпланина" и Титов Врв“. Маркукуле. Посетено на 19 февруари 2018.

Надворешни врски

уреди