Туркохор
Туркохор (грчки: Πατρίδα, Патрида, книжевно: Πατρίς, Патрис, старо Τουρκοχώρι, Туркохори) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Туркохор Πατρίδα | |
---|---|
Координати: 40°34′N 22°11′E / 40.567° СГШ; 22.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 120 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,492 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Крај селото се наоѓа Добренскиот манастир „Успение на пресв. Богородица“, на местото на некогашното село Добра.
Географија и местоположба
уредиСелото е оддалечено околу четири километри северозападно од градот Бер, крај главниот пат што води од Бер за Негуш, на надморска височина од 120 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 19 квадратни километри.
Селото се наоѓа во Солунското Поле, на пет километри јужно од селото Јанчишта. На еден километар јужно од селото е маалото Креватас или Кревата (Κρεββατάς), која во минатото се водело како одделно село.
Историја
уредиВо 1922 година во селото биле населени 124 бегалски семејства со вкупно 458 жители, понтски Грци од Карс и Кавказ.
Стопанство
уредиСелото произведува жито, тутун и други земјоделски производи.[2]
Население
уредиСпоред Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 80-тите години на XIX век во Туркохори имало 14 куќи.[3] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 170 Македонци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јаворница (Yavornitza) имало 240 жители.[5]
Во 1910 година во Туркохор (Τουρκοχώρι) имало 130 жители.[6]
Во 1913 година, селото е забележано со 83 жители, од кои 52 мажи и 31 жена, а во 1920 година со 58 жители. По 1923 година, како и во другите берски села, биле сместени и 124 бегалски семејства со вкупно 458 бегалци, така што селото станало мешана населба, која во 1928 година имало 468 жители. Во 1940 година селото имало 689, во 1951 година 686, во 1961 година 826, во 1971 година 782, во 1981 година 994, а во 1991 година 1.177 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.287 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.492 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 689 | 686 | 826 | 782 | 994 | 1.177 | 1.287 | 1.492 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Туркохор, во кој покрај селото Туркохор влегува и самиот Добренски манастир.
Општествени установи
уреди- Амбуланта
- Градинка
- Основно училиште
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Споменици
- Споменик на Евстатиос Хорафас — водач на понтските доселеници
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 28.
- ↑ Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
- ↑ Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.