Јанчишта
Јанчишта (грчки: Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос; до 1926 година: Γιάντσιστα, Јанциста,[2] до 1940 година: Γιάννισσα или Γιάννισα, Ѓаниса[3]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Јанчишта Άγιος Γεώργιος | |
---|---|
Координати: 40°38′N 22°12′E / 40.633° СГШ; 22.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 55 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,763 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 591 00 |
Повик. бр. | 23310-51 |
Јанчишта е седиште на архијерејското намесништво Добра на Берската, Негушката и Камбаниската епархија на Грчката Православна Црква.[4]
Географија и местоположба
уредиСелото е оддалечено околу 12 километри северозападно од градот Бер и исто толку југоисточно од градот Негуш, на надморска височина од 55 метри.[5] Површината на селскиот атар изнесува 19 квадратни километри.
Селото се наоѓа во Солунското Поле.
Историја
уредиСелото е доста старо и во минатото било чисто македонско.[5]
Селото настрадало од нападите на грчките андарти за време на грчката вооружена пропаганда. Пред февруари 1906 година, жителите на селото добиле заструшувачко писмо од капетанот Костас Акритас.
Селото во 1935 година било поплавено и преместено три километри на запад, поради што го земало и името на црквата „Св. Ѓорѓи“ од старото село.
Потекло и значење на името
уредиСелото е споменато во грамота на Стефан Душан од 1349 година како „Јанчишта“. Името веројатно настанало со додавање на патронимот -ишти на личното име Јанко.[6] Оваа теорија ја има дадено бугарскиот академик Иван Дуриданов.
Селото било преименувано двапати. Најпрвин го носело името Јанциста (Γιάντσιστα). По пристигнувањето на бегалските семејства, во 1926 година селото било преименувано во Ѓаниса (Γιάννισα) и ова име го носело до 1940 година. Последното преименување се случило во 1950 година, кога станало Агиос Георгиос (Άγιος Γεώργιος).
Стопанство
уредиСелото е доста богато, бидејќи се наоѓа во самото Солунско Поле, а земјата е многу плодна и дава високи приноси. Благодарение на системот за наводнување, тука се произведуваат големи количества овошје (праски и јаболка), но и други земјоделски производи.[5] Воедно, во поново време, селото е особено познато по производството на пиперки.
Население
уредиВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 320 Македонци христијани.[5][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанчишта (Yantchista) имало 432 жители.[8] Во селото постоело егзархиско училиште каде предавал учителот Тодор Стојанчев од Штип.[9]
Во 1910 година во Јанчишта (Γιάντσιστα) имало 325 жители.[10]
Во 1913 година, селото е забележано со 311 жители, а во 1920 година со 353 жители. По 1923 година, како и во другите берски села, биле сместени и 131 бегалско семејство со вкупно 483 бегалци. Поради што селото станало мешана населба, која во 1928 година имало 858 жители. Во 1940 година имало 1.007, во 1951 година 1.152, во 1961 година 1.452, во 1971 година 1.364, во 1981 година 1.448, а во 1991 година 1.472 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.682 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.763 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.007 | 1.152 | 1.452 | 1.364 | 1.448 | 1.472 | 1.682 | 1.763 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јанчишта, во кој единствено село е Јанчишта.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква од XIX век, прогласена за споменик на културата[11]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιάντσιστα -- Γιάνισσα
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιάννισσα -- Άγιος Γεώργιος
- ↑ „Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Ενορίες“. Архивирано од изворникот на 2008-04-12. Посетено на 2016-02-29.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.
- ↑ Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 179 - 180 и 185.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
- ↑ Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 412
- ↑ Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ „ΔΙΑΡΚΗΣ ΚΑΤΑΛΟΓΟΣ ΚΗΡΥΓΜΕΝΩΝ ΑΡΧΑΙΟΛΟΓΙΚΩΝ ΧΩΡΩΝ ΚΑΙ ΜΝΗΜΕΙΩΝ“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 29 февруари 2016.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.