Метохи (Берско)
За други истоимени места, погледајте Метохи.
Метохи (грчки: Μετόχι) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Метохи Μετόχι | |
---|---|
Координати: 40°27′N 22°23′E / 40.450° СГШ; 22.383° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Кутлеш |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 110 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа југоисточно од градот Бер, во најсеверните падини на планината Шапка, крај патот од гратчето Кутлеш за Бер.
Население
уредиВо пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 73 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 110 жители.
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Кутлеш со седиште во гратчето Кутлеш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Метохи, во кој е единствено село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.