Братиништа
Братиништа (грчки: Χαράδρα, Харадра; книжевно: Χάραδρος, Харадрос; до 1927 година: Μπρατίνιστα, Братиниста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Братиништа Χαράδρα | |
---|---|
Координати: 40°27′N 22°16′E / 40.450° СГШ; 22.267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Македонида |
Надм. вис. | 740 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 17 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е оддалечено околу 15 километри јужно од градот Бер, на надморска височина од 740 метри.[3]
Селото е сместено на северозападните падини на планината Шапка.
Историја
уредиОва село било населено исклучиво со Македонци кои говореле грчки и се чувствувле како Грци поради силните асимилаторски влијанија.[3]
Селото било преименувано во текот на 1927 година кога му било доделено името Харадра (Χαράδρα).
Стопанство
уредиСеланите поседуваат ограничени обработливи површини од кои дел се наводнуваат. Најмногу се произведува жито (пченица), а голем број жители се занимаваат и со сточарство. Поголемиот дел од атарот на селото е сопственост на велепоседникот Енрикос, чиј имот се состои од 30.000 декари пасишта и шуми.[3]
Население
уредиВо XV век, во селото се забележани 53 глави на домаќинства.[4]
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Братиништа (Брајнат) живееле 80 Македонци христијани.[5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баштане (Bachtane) имало 80 жители.[6] Ваквите бројки и податоци, во кои К’нчов и Бранков даваат различни податоци, се должат на тоа дека и двајцата го мешаат селото Братиништа со селото Брањате.
Во 1912 година е забележано како грчко христијанско село.
Во пописот од 1913 година селото било забележано со 95, во 1920 година со 94, во 1928 година со 103, во 1940 година со 163, во 1951 година со 169, во 1961 година со 206, додека во 1971 година, поради помасовно иселување во поголемите градови во земјата, бројот на неговите жители се намалил на 108, а во 1981 година на само 49. Во 1991 година биле попишани исто така 49 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 78 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 17 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 163 | 169 | 206 | 108 | 49 | 49 | 78 | 17 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Куково, во кој покрај селото Братиништа влегуваат и Куково, Спорлита, Порос и манастирот „Св. Јован Претеча“.
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Илија“, прогласен за споменик на културата
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρατίνιστα -- Χάραδρος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 6–7.
- ↑ Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.