Мустали или Муцала (грчки: Κυδωνοχώρι, Кидохори; книжевно: Κυδωνοχώριον, Кидонохорион; старо Μουσταλή , Мустали) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Мустали
Κυδωνοχώρι
Мустали is located in Грција
Мустали
Мустали
Местоположба во областа
Мустали во рамките на Бер (општина)
Мустали
Местоположба на Мустали во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°31′N 22°14′E / 40.517° СГШ; 22.233° ИГД / 40.517; 22.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу четири километри источно од градот Бер, на надморска височина од 30 метри.[2]

Историја

уреди

Веројатно селото било уништено во времето на Негушкото востание, од чии жители е изграден манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, кој го носи името на селото (манастир Муцала). Селото било обновено по Првата светска војна, кога тука биле населени 14 бегалски семејства со вкупно 47 жители.[2]

Стопанство

уреди

Населението кое е преостанато, но и иселените жители, главно ги обработуваат околните земјоделски површини околу селото.[2]

Население

уреди

Селото најпрвин било забележано по Првата светска војна, како место со 14 бегалски семејства и вкупно 47 жители. Во 1920 година, селото е забележано со 26, во 1928 година со 58, во 1940 година со 83, во 1951 година со 54, во 1961 година со 37, во 1971 година со тројца, во 1981 година со двајца, а во 1991 година со 10 жители.[2]

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 16 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со тројца жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 83 54 37 3 2 10 16 3
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Мустали влегува и градот Бер и селата Лазохори, Меч и Тарамон.

Иселеништво

уреди

Најголем дел од жителите на селото се имаат преселено во градот Бер, поради неговата непосредна близина, поради што селото скоро и да е целосно напуштено.[2]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 20.