Долно Куманич
Долно Куманич (грчки: Κάτω Κομνήνειο, Като Комнинион) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Долно Куманич Κάτω Κομνήνειο | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°31′N 22°10′E / 40.517° СГШ; 22.167° ИГДКоординати: 40°31′N 22°10′E / 40.517° СГШ; 22.167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 420 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 43 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото било создадено во рамките на атарот на селото Куманич.[2]
ИсторијаУреди
Првпат како одвоена населба се споменува во пописот од 1991 година со 30 жители. Веројатно се работело за жители на селото Куманич, кои по шеесеттите години почнале да го напуштаат селото и да се селат во поголемите градови, а во последниве години се враќаат назад и го обновуваат селото. Некои од нив подигнале нови куќи на поудобно место од постарата населба и бидејќи новата населба се наоѓа на пониска надморска височина, го нарекле Долно Куманич.[2]
НаселениеУреди
Селото повторно се вратило во пописите во 1991 година, кога биле и забележани 30 жители.[2]
Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 43 жители.
Самоуправа и политикаУреди
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лужица, во кој покрај Долно Куманич се наоѓаат и селата Лужица и Куманич.
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.