Тарамон

село во Егејска Македонија

Тарамон или Терамон (грчки: Ταγαροχώρι, Тагарохори, книжевно: Ταγαροχώριον, Тагарохорион, до 1926 година Ταραμήν, Ταραμών, Ταραμώνι[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Тарамон
Ταγαροχώρι
Тарамон is located in Грција
Тарамон
Тарамон
Местоположба во областа
Тарамон во рамките на Бер (општина)
Тарамон
Местоположба на Тарамон во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°13′E / 40.567° СГШ; 22.217° ИГД / 40.567; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно182
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу пет километри северно од градот Бер, на надморска височина од 50 метри.[3]

Сместено е во Солунското Поле.

Историја

уреди

Селото отсекогаш имало македонско месно население, но во 1923 година биле доселени 39 грчки бегалски семејства, со што во целост се сменила етничката слика во селото.

Стопанство

уреди

Бидејќи се наоѓа во плодното Солунско Поле, селото располага со плодни обработливи површини, поради кои Тарамон со тек на време станало богато село. Најмногу се произведува овошје (праски и круши), но и пченица, како и други земјоделски производи.[3]

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Тарамон живеат 60 Македонци христијани.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тарамон имало 60 Македонци.[5] Бројките и на двајцата извори се разликуваат, па така во книгата „Населените места во Егејска Македонија“ на Тодор Христов Симовски, наведени се 72 Македонци, односно 75 жители Македонци од двата извори, соодветно.[3]

Во 1910 година во Тарамон имало 69 жители.[6]

Во 1913 година, селото било забележано со 27, а во 1920 година со 58 жители.[3] Изгледа дека се работело за чифлигарска населба, бидејќи тука во 1923 година, грчките власти сместиле 39 бегалски семејства со 151 жител, кои заедно со помалобројните месни македонски жители во 1928 година броело 197 жители. Во 1940 година, селото имало 303, во 1951 година 241, во 1961 година 270, во 1971 година 243, во 1981 година 201, а во 1991 година 194 жители.

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 203 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 182 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 303 241 270 243 201 194 203 182
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Тарамон влегуваат градот Бер и селата Лазохори, Меч и Мустали.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ταραμήν -- Ταγαροχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 26–27.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1902, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  6. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927

Белешки

уреди