Света Марина (село)

село во Берско, Егејска Македонија

Света Марина (грчки: Αγία Μαρίνα, Агија Марина) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Света Марина
Αγία Μαρίνα
Фреската „Мачеништвото на Света Марина“ во истоимената црква во селото
Фреската „Мачеништвото на Света Марина“ во истоимената црква во селото
Света Марина is located in Грција
Света Марина
Света Марина
Местоположба во областа
Света Марина во рамките на Бер (општина)
Света Марина
Местоположба на Света Марина во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 22°13′E / 40.600° СГШ; 22.217° ИГД / 40.600; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно864
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е оддалечено околу 13 километри северозападно од градот Бер и исто толку југоисточно од градот Негуш, на надморска височина од 40 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 14 квадратни километри.

Селото се наоѓа на два километри источно од селото Јанчишта.

Историја

уреди

Селото е доста старо и во минатото било чисто македонско.[2]

Селото настрадало од нападите на грчките андарти за време на грчката вооружена пропаганда. Пред февруари 1906 година, жителите на селото добиле заплашувачко писмо од капетанот Костас Акритас.

Еден месец подоцна, грчка чета ја нападнала Света Марина, но е одбиена од селската милиција на ВМОРО, која убива петмина.[3]

Стопанство

уреди

Селото е прилично богато, бидејќи се наоѓа сред поле, а земјата која се наводнува, е многу плодна и дава високи приноси. Основни производи на населението се овошје (праски и круши), памук, шеќерна репка и друго.[2]

Население

уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 185 Македонци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Света Марина имало 248 жители.[5] Во селото работело егзархиско училиште, каде предавала Елисавета Коронова од Воден.[6]

Во 1913 година, селото е забележано со 208 жители, од кои 104 биле мажи, а 104 жени.[7] Во 1920 година имало 216 жители. По 1923 година, како и во другите берски села, биле сместени и 72 бегалски семејства со вкупно 237 бегалци. Така, селото станало мешана населба, со македонско и бегалско грчко население. Како мешана населба во 1928 година имало 443, во 1940 година 652, во 1951 година 809, во 1961 година 935, во 1971 година 886, во 1981 година 964, а во 1991 година 958 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 788 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 864 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 652 809 935 886 964 958 788 864
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Света Марина, во кој единствено село е Света Марина.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25.
  3. Сониксен, Алберт. „Изповедта на един македонски четник“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  6. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 412
  7. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.
  8. „Παλιός Ναός - Ιερός Ναός Αγίας Μαρίνας Βέροιας“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2014-10-19. Посетено на 29 февруари 2016.

Белешки

уреди