Асамати (Берско)
Асамати (грчки: Ασώματα, Асомата) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Асамати Ασώματα | |
---|---|
Координати: 40°29′N 22°14′E / 40.483° СГШ; 22.233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 210 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 607 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 210 метри.[2]
Сместено е на десниот брег на реката Бистрица при нејзиното навлегување во Солунското Поле. Југозападно од селото, на брегот на Бистрица се наоѓа Асоматскиот манастир или „Св. Јован Претеча“. Низводно реката се проширува во вештачкото Асаматско Езеро изградено во 1985 г.
Историја
уредиОва село уште одамна било населено со грчко население.[2]
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Асамати живеат 40 Грци христијани.[2][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Асамати имало 35 Грци.[4]
Во 1910 година, во селото Асамати имало 50 жители.[5] На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска вера.[6]
Во 1913 година е забележано со 60 жители, а во 1920 година со 78 жители. По 1923 година, тука биле сместени и шест бегалски семејства со вкупно 24 жители. Како последица на тоа во пописот од 1928 година, бројот на жителите се зголемил на 97, во 1940 година селото веќе има 230 жители (поради населувањето и на други бегалски семејства), во 1951 година пак 230, во 1961 година 296, во 1971 година 266, во 1981 година 383, а во 1991 година 431 жител.[2]
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 532 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 607 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 230 | 296 | 266 | 383 | 431 | 532 | 607 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Асомата, во кој Асамати е единственото село.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 5.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1902, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
- ↑ Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.