Микрогуш
Микрогуш (грчки: Μακροχώρι; архаично: Μακροχώριον, Макрохорион, до 1940 година Μικρογούζι, Микрогузи[2]) — големо село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Микрогуш Μακροχώρι | |
---|---|
Координати: 40°34′N 22°15′E / 40.567° СГШ; 22.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Апостол Павле |
Надм. вис. | 35 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 5.189 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на околу четири километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 35 метри.[3] Се наоѓа крај самиот пат што води за Гида и Солун. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 25 квадратни километри.
Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на канал, кој е создаден од вливањето на реките Вода и Мегленица.
Историја
уредиКако и сите села во овој регион и Микрогуш уште од порано било населено со грчко население.[3]
Стопанство
уредиСелото е опкружена со големи земјоделски површини со плодна почва, кои целосно се наводнуваат, поради што земјоделството е развиено. Населението произведува многу памук, овошје, пченица, а помалку детелина и шеќерна репка.[3]
Во селото постојат повеќе трговски и занаетчиски дуќани, како и жандармериска станица.[3]
Население
уредиК’нчов го споменува со 365 жители Грци, но изгледа селото било поголемо, бидејќи во 1913 година е евидентирано со 626, а во 1920 година со 708 жители. По 1923 година грчките власти тука населиле 127 бегалски семејства со вкупно 526 жители, поради што во Микрогуш во 1928 година покажува зголемување на населението на 1.154 жители. Во 1940 година има 1.989, во 1951 година 2.359, во 1961 година 3.026, во 1971 година 3.048, во 1981 година 3.950, а во 1991 година 4.338 жители.[3] Ваквиот пораст на населението се должи на преселувањето на голем број семејства од попасивните планински села во Микрогуш поради плодната почва, која целосно се наводнува, близината на градот Бер и добрите врски.[3]
Според пописот во 2001 година, селото имало 4.788 жители. Според последниот попис во Грција од 2011 година, селото имало 5.189 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.989 | 2.359 | 3.026 | 3.048 | 3.950 | 4.338 | 4.788 | 5.189 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото претставува административно седиште на општинската единица Апостол Павле, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Микрогуш, во кој се наоѓа само селото Микрогуш.
Општествени установи
уреди- Полициска станица
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μικρογούζι -- Μακροχώριον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 19–20.