Сланица
Сланица (грчки: Σλάνιτσα) — историско-географска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа делови од Воденско, Ениџевардарско и Берско, односно на териториите на денешните окрузи Постол и Иматија. Областа традиционално се граничи со Воденската Висорамнина на север, со планината Каракамен (Вермио) на запад и реката Бистрица на југ. На исток се граничи со областа Урумлак (Румлуки) и исцеденото Ениџевардарско Езеро, а на североисток со областа Бојмија. Во Сланица се сливаат реките Вода и Мегленица, месно познати под заедничкото име „Колудеј“[1].
Во XI век Сланица сочинувала епархија на Охридската архиепископија. Се претпоставува дека нејзино средиште бил некогашниот град Сланица кој се наоѓал на местото на денешен Пазар (Ениџе Вардар) или недалеку од него. Подоцна седиштето е преместено во Воден.[2]
Во 1591 г. венецијанскиот дипломат Лоренцо Бернардо минувал низ Македонија на пат за Цариград и во записите сведочи за областа како широко поле со име Сланица, а со турски назив „Вардарова“.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 80
- ↑ Снегаров, Иван (1995) [1924]. История на Охридската архиепископия, т.1 (Второ фототипно издание. изд.). София: Академично издателство „Марин Дринов“. стр. 186.