Црковјани (Берско)
Црковјани (грчки: Μικρά Σάντα, Микра Санта; до 1926 година: Τσερκόβιαννη, Церковјани[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Црковјани Μικρά Σάντα | |
---|---|
Координати: 40°24′N 22°09′E / 40.400° СГШ; 22.150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 760 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 32 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југоисточните пазуви на планината Дурла, на надморска височина од 760 метри, недалеку од левиот брег на реката Бистрица.[3] Оддалечено е 20 километри јужно од градот Бер.
Историја
уредиСе работи за стара населба уништена во времето на Негушкото востание во 1822 година и обновена повторно во 1923 година, кога во неа биле сместени 57 бегалски семејства со вкупно 211 жители, колку што имало селото во 1928 година.
Црковјани сериозно настрадало за време на Втората светска војна и Граѓанската војна, така што во пописот од 1951 година селото имало само 76 жители.
Стопанство
уредиБидејќи селото е планинско, неговото население претежно се занимава со сточарство и малкумина со земјоделство.
Население
уредиВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живеат 300 Власи христијани.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црковјани (Царовчан) имало 240 Власи.[5] Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“ на Тодор Христов Симовски, напишано е дека К’нчов ја споменува населбата со 185 жители Грци, иако е наведено дека не е сосема сигурно дека се работи за истото село.[3]
Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[6]
Во пописите од 1913 и 1920 година, селото воопшто не се споменува. По 1923 година, селото било обновено и во него биле сместени 57 грчки бегалски семејства со вкупно 211 жители, колку што имало селото во 1928 година. Во пописот од 1940 година е забележано со 234 жители. Црковјани претрпело сериозни штети за време на Втората светска војна и Граѓанската војна, поради што во пописот од 1951 година било забележано само со 76 жители, во 1961 година со 77, во 1971 година со 71, во 1981 година со 37, а во 1991 година со 122 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 44 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 32 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 234 | 76 | 77 | 71 | 37 | 122 | 44 | 32 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кастанија, во кој покрај селото Црковјани се наоѓа и селото Кастанија.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερκόβιαννη -- Μικρή Σάντα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 28.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 224-225.
- ↑ Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927