Рахово (Берско)
Рахово или Рахова (грчки: Ράχη, Рахи; до 1926 година: Ράχωβα, Рахова[2], до 1953 година Ραχιά, Рахија[3]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Рахово Ράχη | |
---|---|
Координати: 40°29′N 22°13′E / 40.483° СГШ; 22.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 240 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 610 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 240 метри.[4]
Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Дурла.[4] Сместено е на левиот брег на реката Бистрица.
Селскиот атар се простира на 16 квадратни километри.
Историја
уредиСелото уште од порано било населено со грчко население.
Стопанство
уредиНаселението се занимава со земјоделство, а произведува главно овошје, пченица и други земјоделски производи. Исто така, во мал обем е развиено и сточарството.[4]
Население
уредиСпирос Лукатос посочува дека јазикот на жителите во селото е „грчки“.[5]
На пописот во 1912 година, селото е забележано повторно со грчки јазик и христијанска вероисповед.[6]
К’нчов и Бранков го спомнуваат селото со 150 грчки жители (како село Рајко), додека во 1913 година е забележано со 56, а во 1920 година со 115 жители. Малку подоцна, грчките власти тука сместиле 47 бегалски семејства со вкупно 164 жители, така што бројот на жителите во 1928 година пораснал на 268. Во 1940 година, Рахово имало 420, во 1951 година 481, во 1961 година 487, во 1971 година 433, во 1981 година 470, а во 1991 година 501 жител.[4]
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 570 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 610 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 481 | 487 | 433 | 470 | 501 | 570 | 610 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ од XII век
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рахи, во кој Рахово е единствено село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράχωβα -- Ραχιά
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραχιά -- Ράχη
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25.
- ↑ Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.