Куково (Берско)
Куково (познато и како Кокова или Кукова; грчки: Πολύδενδρο или Πολυδένδρι, Полидендри; книжевно: Πολύδενδρον, Полидендрон, до 1926 година: Κόκκοβα, Кокова[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Куково Πολύδενδρο | |
---|---|
Координати: 40°25′N 22°14′E / 40.417° СГШ; 22.233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Македонида |
Надм. вис. | 760 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 123 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа југоисточно од градот Бер, на десниот ракав на реката Бистрица, на надморска височина од 760 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 71 квадратен километар.
Селото е сместено на североисточните падини на планината Шапка.
Историја
уредиНаселението на селото, како и населението од сите села на десниот ракав на реката Бистрица што имаат македонски (словенски) имиња, има грчко потекло.[3]
Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Полидендрон (Πολύδενδρον).
Стопанство
уредиСеланите поседуваат мали обработливи површини, додека другиот поголем дел од атарот на селата е во сопственост на големи велепоседници и на државата. Главно се засадува жито, а дел од населението се занимава и со сточарство.[3]
Население
уредиВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Кукова живееле 300 Грци христијани.[3][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кукова (Koukova) имало 3000 жители.[5] Ваквите бројки и податоци, во кои К’нчов и Бранков даваат различни податоци, се должат на тоа дека и двајцата го мешаат селото Братиништа со селото Брањате.
Во 1910 година во Кукова (Κούκοβα) имало 610 жители.[6] Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[7]
На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[8]
Во пописот од 1913 година селото било забележано со 629, во 1920 година со 622, во 1928 година со 792, од кои само 11 бегалци. Во 1940 година селото имало 1.075, во 1951 година 406, во 1961 година 500, во 1971 година 376, во 1981 година 256, а во 1991 година имало 231 жител. Причините за опаѓање на бројот на населението низ годините се должи на фактот што поголемиот дел од обработливите површини и шуматасе сопственост на велепоседници и на државата, како и тоа дека селото е планинско и попасивно од другите.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 225 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 123 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.075 | 406 | 500 | 376 | 256 | 231 | 225 | 123 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Куково, во кој покрај селото Куково влегуваат и Братиништа, Спорлита, Порос и манастирот „Св. Јован Претеча“.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κόκκοβα -- Πολυδένδρι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
- ↑ Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.