Долјани
Долјани (грчки: Κουμαριά, Кумарја; до 1926 година Δόλιανη, Долјани,[2] романски: Doliani) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Долјани Κουμαριά | |
---|---|
Координати: 40°31′N 22°06′E / 40.517° СГШ; 22.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 700 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 243 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено на североисточните падини на планината Дурла, на надморска височина од 700 метри, оддалечено повеќе од 10 километри општинското средиште Бер.[3] Селскиот атар е голем и опфаќа површина од 139 квадратни километри.
Историја
уредиИако селото има македонско име, неговите жители Македонци настрадале во времето на Негушкото востание од 1822 година. Подоцна, селото било обновено од Власи сточари дојдени од Епир.
Население
уредиК’нчов го споменува како влашко село со 500 жители и како такво во 1913 година е евидентирано со 672 жители, а во 1920 година со 473 жители. По 1923 година грчките власти тука населиле и 37 бегалски семејства со вкупно 130 жители, поради што тоа станало мешана населба, која во меѓувреме поголемиот дел од влашките семејства ја напуштиле. Како мешана населба во 1928 година Долјани е евидентирано со 280 жители, во 1940 година со 595 жители, во 1951 година како последица на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција е забележано со 276 жители, во 1961 година со 237, во 1971 година со 118, во 1981 година со 156, а во 1991 година со 252 жители.[3]
Според пописот во 2001 година, селото имало 170 жители. Според последниот попис во Грција од 2011 година, селото имало 243 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 595 | 276 | 237 | 118 | 156 | 252 | 170 | 243 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долјани, во кој покрај Долјани се наоѓа и селото Ксироливадо.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σπουρλίτα -- Ελαφίνα
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 9.