Садина или Садена (грчки: Καράβι, Карави; книжевно: Καράβιον, Каравион, до 1926 година: Σάδενα, Садена[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Садина
Καράβι
Садина is located in Грција
Садина
Садина
Местоположба во областа
Садина во рамките на Бер (општина)
Садина
Местоположба на Садина во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°32′N 22°20′E / 40.533° СГШ; 22.333° ИГД / 40.533; 22.333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Надм. вис.&100000000000000060000006 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Селото постоело до Втората светска војна.

Географија и местоположба

уреди

Селото е оддалечено околу десет километри источно од градот Бер и западно од Мелик, во непосредна близина на реката Бистрица, од нејзината десна страна.[2]

Сместено е во областа Урумлак, на неколку километри јужно од селото Колура, од кое го дели старото корито на реката Бистрица. Со изместувањето на коритото на реката, Садина останало на левиот брег.

Историја

уреди

Уште од постаро време било населено со грчко населени.[2]

Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Карави (Καράβι).

Население

уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Садена живееле 75 Грци христијани.[3]

Во пописот од 1913 година селото е забележано со 216 жители, а во 1920 година со 124 жители. По 1923 година тука биле населени 23 бегалски семејства со вкупно 121 бегалец. Така селото во 1928 година имало 170 жители. По извршените мелиорации и регулирање на коритото на реката Бистрица, во 1933 година, селото се распаднало, а неговите жители се преселиле главно во селото Мелик, поради што во подоцнежните пописи не се спомнува.[2]

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σάδενα -- Καράβι
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 24–25.
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.