Боштани

село во Берско, Егејска Македонија

Боштани или Постан (грчки: Ριζώματα, Ризомата; до 1926 година: Μπόστιανη, Бостјани[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Боштани
Ριζώματα
Боштани is located in Грција
Боштани
Боштани
Местоположба во областа
Боштани во рамките на Бер (општина)
Боштани
Местоположба на Боштани во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°21′N 22°13′E / 40.350° СГШ; 22.217° ИГД / 40.350; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаМакедонида
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно816
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.59100
Повик. бр.23310

Географија и местоположба

уреди

Селото е оддалечено околу 25 километри јужно од градот Бер, на надморска височина од 600 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 36 квадратни километри.

Селото е сместено на северозападните падини на планината Шапка. Во близина на селото се наоѓа скијачкиот центар Скутерна.

Историја

уреди

Селото Боштани, иако носи словенско (македонско) име, уште од постаро време било населено со грчко население.[3]

Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Ризомата (Ριζώματα).[4]

Стопанство

уреди

Селаните поседуваат само малку земја околу селото, на кои главно одгледуваат главно тутун и пченица, додека нивниот добиточен фонд се состои од повеќе илјади овци и кози и малку крупен рогат добиток. Остатокот од земјиштето околу селото е поседуван од страна на државата, главно составено од пасишта и шума, кои ги дава под наем.[3]

Селото во поново време е особено познато по своите квалитетни домати.

Население

уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 144 Грци христијани.[5] Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“ од Тодор Христов Симовски, пак, е наведено дека во селото Боштани, К’нчов забележал 420 жители Грци.[3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баштане (Bachtane) имало 420 Грци.[6]

Во 1910 година во Бостани (Μποστάνι) имало 620 жители.[7] Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[8]

На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[9]

Во пописот од 1913 година селото било забележано со 645, во 1920 година со 623, во 1928 година со 791, во 1940 година со 1.094, во 1951 година со 1.032, во 1961 година со 1.266, во 1971 година со 1.221, во 1981 година со 1.052, а во 1991 година со 1.129 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.150 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 816 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.094 1.032 1.266 1.221 1.052 1.129 1.150 816
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Боштани, во кој Боштани е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπόστιανη -- Ριζώματα
  3. Отиди кај: 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 6.
  4. Πανδέκτης - Μετονομασίες οικισμών
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  7. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  8. Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  9. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.
  10. „ΔΙΑΡΚΗΣ ΚΑΤΑΛΟΓΟΣ ΚΗΡΥΓΜΕΝΩΝ ΑΡΧΑΙΟΛΟΓΙΚΩΝ ΧΩΡΩΝ ΚΑΙ ΜΝΗΜΕΙΩΝ“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 1 март 2016.

Белешки

уреди