Пламени кули

облакодери во Баку, Азербејџан

Пламени кули (азерски: Alov qüllələri, англиски: Flame Towers) — група облакодери во Баку, Азербејџан и највисоко здание во градот со 190 м. Се состои од станови, хотел и деловни простории. Изградбата чинела околу 350 милиони долари, започнала во 2007, а завршила во 2012 г.[4] Архитект на проектот е ателјето „Хелмут, Обата и Касбаум“, под раководство на работите во „ДИА Холдинг“, а како изведувач се јавиле „Хил интернешанал“.[5]

Пламени кули
Alov qüllələri
Пламените кули во 2015 г.
Карта
Општи податоци
СтатусЗавршена
Видделовна, станбена, хотел, трговски центар
Стилвисококатница, стакло
МестоБаку, Азербејџан
Почнатаоктомври 2007
Отворена2013
Трошок за изградба350 млн. долари
СопственикАзинко дивелопмент ММК
Висина
Покрив182 м — I кула[1]
165 м — II кула[2]
161 м — III кула[3]
Технички податоци
Катови33/30/28
Проектирање и изградба
АрхитектХелмут, Обата и Касбаум
СтатичарБалкар Мухендислик
Главен изведувачДИА Холдинг Азербејџан

Комплексот се состои од три кули: Јужна, Источна и Западна. Фасадите воедно имаат улога на џиновски приказници опремени со преку 10.000 силни расветни тела со светлечки диоди.

Во јуни 2014 г. во приземните простории на комплексот е отворен автосалон на „Ламборгини“.

Осветлување

уреди

Кулите обично се осветлени со посебен приказ на пламени видливи и од најдалечните делови на градот.[6] Сета инсталација на кулите се управува од графички сметачки погон. Воедно, во пригодни прилики на фасадата се прикажуваат и други анимации и графика, како на пр. по повод Евровизија 2012.[7]

Признанија

уреди

Пламениот приказ на зградите е прогласен за најдобро фасадно осветлување од влијателниот портал SkyscraperCity.[8]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.emporis.com/building/flame-tower-1-baku-azerbaijan
  2. http://www.emporis.com/building/flametower2-baku-azerbaijan
  3. http://www.emporis.com/building/flametower3-baku-azerbaijan
  4. „Baku to open Flame Tower“. trend.az. Посетено на 24 March 2011.
  5. HOK (2014-09-29). „Baku Flame Towers“. HOK. Посетено на 2015-07-23.
  6. Flame Towers on Youtube
  7. „Flame Towers - Baku, Azerbaijan“. Архивирано од изворникот на 2017-09-20.
  8. „Modern Baku - Flame Towers“. Архивирано од изворникот на 2018-01-22.

Надворешни врски

уреди

40°21′34″N 49°49′36″E / 40.35944° СГШ; 49.82667° ИГД / 40.35944; 49.82667