Свети Васил (село)

(Пренасочено од Аја Васил)

Свети Васил или Ајвасил (грчки: Άγιος Βασίλειος, Агиос Василиос; до 1927 г. Ајвасил[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.180 жители (2021).

Свети Васил
Λαγκαδίκια
Свети Васил is located in Грција
Свети Васил
Свети Васил
Местоположба во областа
Свети Васил во рамките на Лагадина (општина)
Свети Васил
Местоположба на Свети Васил во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 23°6′E / 40.650° СГШ; 23.100° ИГД / 40.650; 23.100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадинско Езеро
Надм. вис.&1000000000000007700000077 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.180
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина во јужниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 77 метри.

Историја

уреди

Во селото е зачувана византиската Светивасилска кула висока 15 метри, изградена во XIV век, која најверојатно не служела за заштита на селото, туку била поврзана со испорака на стоки од рибарството и земјоделството кои доаѓале од езерото и околните плодни области. Според традицијата кулата и селото го носеле името на византискиот цар Василиј I Македонецот од IX век[3].

Во XIX век Свети Васил е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 40 семејства со 178 жители Грци[4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители Грци[5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Грци[6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 198 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 582 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Василудион.[8]

Население

уреди

Во 1928 година селото броело 767 жители.[9], додека во 1940 година селото броело 1059 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1251 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1247 жители, во 1971 година имало 1051 жител, во 1981 година имало 1026 жители, додека во 1991 година имало 1139 жители[10]. Денеска, населението на селото е 1275 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.059 1.251 1.247 1.051 1.026 1.139 1.275 1.309 1.180
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα --Λαγκαδίκια
  3. „Δήμος Λαγκαδά“. Архивирано од изворникот на 2014-08-22. Посетено на 2016-03-21.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-21.