Архелај I
Архелај I — крал на Македонија (413 до 399 п.н.е.). Стапил на престолот по смртта на неговиот татко, Пердика II. Мајка му на Архелај била робинка, а Архелај успеал да дојде до власт со тоа што го убил неговиот чичко Алкет II, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник.[1] Во текот на своето владеење се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои претставувале голема закана во последните 50-тина години. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза при крајот на 413 г. и најголемиот дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата ,,Народен Проксенос и Евергет.
Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта (од важност за подвижноста на војската) и ја подобрил организацијата на војската, особено коњаницата и хоплитите.
Архелај исто така бил познат како човек од култура и создал посебни културно-уметнички врски со Грција. Во неговото ново седиште Пела (кое го преместил од Ајга) тој почнал да ги прима големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид (кој ги напишал неговите трагедии Архелај и Бахите за време на неговиот престој во Македонија), музичари, и сликари, вклучувајќи го и Зевкиј (најславниот сликар во тоа време). Архелај исто така и го вовел празникот Олимпија, кој бил верски празник со атлетски натпревари во чест на Зевс и музите во Дион. Најголемите атлетичари и уметници биле собрани на едно место за овој настан.
Архелај бил убиен во 399 п.н.е. во лов од страна на еден од неговите пажови, Кратер. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. Дотогаш тој успеал да ја претвори Македонија во регионална воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови претходници заедно.
Наводи
уреди- ↑ „Платон, „Горгија"“. Архивирано од изворникот на 2015-12-09. Посетено на 2012-10-01.
Надворешни врски
уредиАргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |