Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Дион/ Диос (кај античките автори е еквивалент на Ѕевс) — врховен бог на древните Македонци. Етимологијата на името произлегува од индоевропскот корен со значење "ден, дневна светлина". Од тој корен произлегуваат имињата на врховните божества на сите индоевропски народи. (Ѕевс, Јупитер). Името на врховниот бог Дион индиректно е посведочено во легендата за потеклото на Македон, митскиот предок на Македонците. Легендата е сочувана во три верзии: Македон бил син на Дион и на Ајтхија, на Диос и Ајтхија или на Диос и Ајтхрија. Ајтхија е македонска божица на светлина. Во хеленската митологија нема женско божество со име Ајтхриа. Што значи Македон е син на Бог и сончеви зраци. Затоа кај Македонците култот кон сонцето е најраспространет.[1]

Наводи

уреди
  1. Проева, Наде (2014). Религијата на античките Македонци = La religion des anciens Macédoniens. Скопје. ISBN 978-9989-2978-5-4. OCLC 909856952.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дион