Анри Жирар
Анри Жирар (француски: Henri Girard, роден на 16 јули 1917 во Монпелје - починал на 4 март 1987 во Барселона) — француски новинар и писател на дела од жанрот авантуристички и криминален роман. Пишувал под псевдонимот Жорж Арно (француски: Georges Arnaud).
Анри Жирар | |
---|---|
Анри Жирар | |
Роден/а | 6 јуни 1863 Монпелје, Франција |
Починат/а | 6 јануари 1938 Барселона, Шпанија |
Јазик | француски |
Националност | Французин |
Животопис
уредиАнри Жорж Шарл Акиле Жирар е роден на 16 јули 1917 година во Монпелје, Франција. Татко му бил историчар и литературен критичар. Мајка му починала од туберкулоза во 1926 година, болест од која страдал и тој во текот на својот живот. Како одличен ученик бил особено добар за литература. По завршубање на средното образование, дипломирал литература во Тулуза и право во Париз. По дипломирањето во 1938 година се оженил за Ани Шавено. Во текот на неколку месеци живееле во Југославија и други земји, а потоа работел во Министерството за одбрана во Анжи до јуни 1940 година, кога бил мобилизиран.
Во јуни 1941 година бил заробен од Германците, но успеал да побегне. За време на окупацијата татко му работел како архивист на Министерството за надворешни работи и тој често бил кај него во Дордон. На 25 октомври 1941 година, татко му, тетка му и слугинката, биле убиени мистериозно во семејниот замок. Тој бил осомничен како сторител на делото и поминал 19 месеци во затвор. Во 1943 година бил ослободен поради недостиг на докази.
По излегувањето од затвор се преселил во Париз, каде што живеел до 1947 година. Се оженилза пејачката Сузане Гро и пишувал песни за неа. Имале два сина - Доминик и Анри.
Во 1947 година, откако го потрошил наследството од својот татко, се преселил во Венецуела, Еквадор, Перу и Чиле, каде работел на различни привремени работи (возач, келнер, шверцер, и др.). таму се среќавал со најразлични луѓе од подземјето, како и со голем број на нацисти. во тоа време започнал да пишува криминални романи, според своите доживувања.
Во 1949 година се преселил повторно во Франција. Работел како новинар. Пишувал под псевдонимот Жорж Арно, кој бил составен од името на татко му и презимето на мајка му. Се разведел во 1951 година. Неговиот прв роман „Надоместок за стравот“ бил објавен во 1950 година. Во него раскажува за ризичниот живот на камионџиите кои превезуваат нитроглицерин по патиштата на Јужна Америка. Романот доживеал пазарен успех и го направил познат. Во 1953 година романот бил екранизиран во истоимениот француски филм со учество на Ив Монтан. Филмот ја добил главната награда на фестивалот во Кан.
Во 1953 година започнал да живее со Роланд, со која имаат две ќерки - Кетрин и Лоранс, но не се ожениле официјално до 1966 година. Во 1954 година била објавена пиесата „Les Aveux les plus doux“, која била адаптирана за филм во 1971 година во истоимениот филм. Во времето на војната на Алжир за независност, заедно со адвокатот Жак Берже го потпишале манифест во заштита на активистката Џамила Бухиред и против тортурата. Започнал да пишува за настанатиот конфликт во Алжир и три години подоцна бил уапсен поради одбивање да сведочи, поминувајќи два месеци во затвор. Во 1962 година заминал со семејството во Алжир, каде пишувал за африканската револуција и учествувал во формирањето на Факултетот за новинарство во Националниот филмски центар.
Во 1972 година се разболел од туберкулоза и се лекувал во Шамони, а во 1974 година конечно го напуштил Алжир. Во Франција правел репортажи за француската телевизија. Во 1978 година заминал во Колумбија, каде направил истрага на трговијата со дрога и судбината на сиромашните.
Поради лошото здравје во 1984 година Анри Жирар се преселил со сопругата во Барселона, каде починал од срцев удар на 4 март 1987 година.
Дела
уреди- Le Salaire de la Peur (1950
- Le Voyage du Mauvais Larron (1951)
- Lumière de Soufre (1952)
- Indiens des hauts plateaux (1952)
- Prisons 53 (1953)
- Schtilibem 41 (1953)
- Les Oreilles sur le dos (1953)
- Les Aveux les plus doux (1954)
- La Sueur (1955)
- Indiens Pas Morts (1956)
- Pour Djamila Bouhired (1957)
- Maréchal P… (1958)
- La Plus Grande Pente (1961)
- Mon Procès (1961)
- L’Affaire Peiper : plus qu’un fait divers (1978)
- Chroniques du crime et de l’innocence (1982)
- Juste avant l’Aube (1990)
Екранизација
уреди- 1953 Le salaire de la peur
- 1971 Les aveux les plus doux
- 1977 Магьосник
- 2002 Les oreilles sur le dos
Книги за писателот
уреди- Georges Arnaud, vie d'un rebelle (1993) – од Роџер Мартин
- Guy Penaud,
- Le Triple crime du château d'Escoire (2002) – од Гај Пено