Амазонија
Амазонска дождовна шума, позната и како Амазонија — еден од најголемите природни ресурси во светот. Бидејќи нејзината растителност континурирано го претвора јаглерод диоксидот во кислород е опишана како „Бели дробови на планетата“. Околу 20% од кислородот на Земјата е произведен од Амазонија.
Амазонија | |
регион | |
Дождовната шума на Амазон, блиску до Манаус, Бразил.
| |
Земји | Бразил, Перу, Колумбија, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам, Француска Гвајана |
---|---|
Дел од | Јужна Америка |
Реки | Амазон |
Површина | 5.500.000 км2 |
Карта на Амазонија еколошки регион прогласен од „Светскиот фонд за природа“ (WWF). Жолтата линија ја означува дождовната шума на Амазон, а државните граници се прикажани со црна линија. Сателитска фотографија на НАСА.
|
Овој слив опфаќа 7.000.000 км2 од кои 5.500.000 км2 се покриени од дождовните шуми. Овој регион вклучува територија што припаѓа на девет нации. Поголемиот дел од шумата е содржан во Бразил, со 60% од дождовните шуми, потоа Перу со 13%, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана. Државите или областите на четири нации го содржат "Амазон" во нивните имиња. Амазон претставува повеќе од половина од преостанатите дождовни шуми на планетата[1] и го вклучува најголемиот тракт на тропските дождовни шуми во светот, со околу 390 милијарди поединечни дрва поделени на 16.000 видови.[2]
Дождовната шума на Амазон го добила своето име по реката Амазон, која е животна сила на дождовната шума. Реката Амазон извира кај Андите во Перу и се разгранува кон исток низ северната половина на Јужна Америка. Се влева во Атлантскиот Океан кај Белим во Бразил. Главната река е околу 6.600 км долга. Нејзиниот базен изнесува околу 7.050.000 квадратни километри и поминува низ Бразил, Колумбија, Перу, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана. Шеснаеесет проценти од целокупната речна вода во светот тече низ делтата на Амазон. Речното подрачје на Амазонија е дом на најразлични растителни и животински видови.[3]
Амазонија годишно добива околу 2,7 метри врнежи. Педесет проценти од врнежите се враќаат назад во атмосферата преку лисјата на дрвјата. Најголемиот дел од водата на Амазон доаѓа од годишното топење на снегот од перуанските Анди. Меѓу јуни и октомври, нивото на водата се зголемува за 9 до 14 метри. Околу 40.500 км2 од шумата се поплавени за време на поплавата.
Високите температури и количеството на дожд се исти во текот на целата година во Амазонија. Климата е топла и влажна, со просечна температура од 26 °C. Температурната разлика меѓу ден и ноќ е поголема од таа меѓу сезоните.
Етимологија
уредиСе вели дека името Амазон произлегло од војната која Франциско де Орелана ја водел со Тапуја и со други племиња. Жените од племето се бореле заедно со мажите, како што им било обичај.[4] Во извештајот што го напишал капеланот на експедицијата Карважал Гаспар на 22 април 1542 година, од неговиот дневник во кој раскажувал за екваторскиот регион на Јужна Америка, забележал дека Шпанците се сретнале со племиња на жестоки воини чија кралица била именувана Конор. Водачот на експедицијата, Франциско де Орелана, реката ја нарекувал, река на Амазонки,. бидејќи тие го потсетувале на легендарните женски воини Амазонките на старогрчката митологија, опишани од Херодот и Диодор.[4]
Теорија за настанокот на Амазонија
уредиПред 15 милиони години, реката Амазон течела кон запад влевајќи се во Тихиот Океан. Кога јужноамериканското копно се судрило со друго тектонско копно, Андите пополека се издигнале и го блокирале текот на водата. Како што се променил речниот систем, се формирале езера со свежа вода и околината на басенот на Амазон драстично се променила. Потоа, пред 10 милиони години, реката успеала да се пробие кон исток и да се влева во Атлантскиот Океан. На пределот каде биле формирани езерата настанала Амазонија.
Историја и географија
уредиПрашумата била формирана за време на еоценската ера како резултат на глобалното опаѓање на тропските температури кога Атлантскиот Океан се прошири доволно за да обезбеди топла и влажна клима во Амазонскиот басен. Тропската шума постои најмалку 55 милиони години. Претходно, биотопот на регионот бил тип на савана. По завршувањето на креда-терцијарот, пред 65 милиони години, исчезнувањето на диносаурусите и повлажната клима овозможиле тропската шума да се развие низ целиот континент. За време на олигоценот, шумата се протегала на релативно тесен појас, главно сместен над напоредникот 15 ° северно. Таа постепено се проширувала за време на средниот миоцен, пред повторно да се намали за време на последното ледено доба.[5] Сепак во текот на целиот тој долг период, се развил и преживеал голем диверзитет на видови. Постојат докази дека имало значителни промени во растителноста на дождовната шума во Амазон во текот на последните 21.000 години во тек на последното ледено доба и последователното размрзнување. Анализите на седиментарните депозити покажуваат дека врнежите во басенот за време на леденото доба биле пониски отколку во сегашноста, а тоа речиси сигурно се поврзувало со намалената влажна тропска вегетациска покривка во басенот.[6] Меѓутоа, постои дебата околу тоа колку широко било ова намалување. Некои научници тврдат дека дождовната шума била сведена на мала, изолирана рефугија одделена од отворена шума и тревни површини[7] други научници тврдат дека прашумата останала во голема мера недопрена, но не се ширела многу кон север, југ и исток како што се гледа денес.[8]
Екосистем
уредиАмазонија, најголемата дождовна шума на светот, зафаќа повеќе од половина од територијата на Бразил. Научниците веруваат дека Амазонија може да содржи половина од сите светски растителни и животински видови. Околу 500 цицачи, 175 гуштери и преку 300 различни видови на влекачи, и околу една третина од сите птици живееат во Амазонија.[9] Преметано е дека околу 30 милиони типови на инсекти може да се најдат таму. Конкуренцијата за опстанок е сурова. Ова објаснува зошто низ милиони години еволуција толку многу видови се адаптирале на Амазонија. Најинтензивната конкуренција е помеѓу растенија и животни. И растителните и животинските видови толку многу се прилагодиле за самоодбрана да не бидат изедени.
Басенот на Амазон е колосален, но деликатен апарат кој опфаќа разни заедници на организми кои комуницираат на специфични начини меѓу себе и нивната физичка околина. Овие делови, или екосистеми, играат посебни улоги а дивиот свет и луѓето еволуирале да имаат корист од нив[10]. Огромниот басен на Амазон е составен од мрежа од екосистеми и уникатни пејзажи. Овој регион произведува околу 20% од кислородот на Земјата и е од витално значење за човечкиот опстанок. Поради разновидниот пејзаж, стабилната клима и близината на екваторот, амазонската прашума е позната како екорегион, дефиниран како "голема единица на земјиште или вода која содржи географски различен состав на видови, природни заедници и услови на животната средина "[11]. Екорегионот на Амазон е составен од бројни под-екорегиони. Овие можат да се категоризираат според две дефиниции: водните екосистеми (системи засновани на вода) и копнените екосистеми (системи на копно). И двете од овие екорегиони постојат во амазонската прашума, а во тие делови тие стануваат уште посложени, уникатни и фасцинантни. Се смета дека амазонската тропска шума само половина од видовите на светот ги содржи во самата крошна и има највисоко ниво на биолошка разновидност во светот.[11] Тоа е затоа што нејзините комплексни екосистеми содржат голем број на слоеви и различни заедници кои имаат свој уникатен див животински и растителен свет. Познат како "белите дробови на планетата", екосистемот на амазонската прашума е еден од најголемите природни ресурси на Земјата. Неговата растителност го претвора јаглерод диоксидот во кислород, и ова е еден од најценетите извори на кислород.[11]
Секој од следните под-екорегиони придонесува за поширокиот екорегион на Амазон, и ако некој од нив исчезне, ќе има катастрофален ефект врз преостанатите средини и екорегионот како целина:
Назив | 1. Варзеа | 2. Тера фирма | 3. Игапо |
---|---|---|---|
Значење | Поплавени шуми | Дождовни шуми | Шуми на црните води |
Опис и местоположба | Области во близина на реки кои се поплавени за време на дождовната сезона. Овие области реката Амазон постојано ги ремоделира. | Тера фирма буквално значи цврста земја и во суштина е шумски простор кој не лежи на вода. Овој екосистем обично е подалеку од реките. | Овој екосистем обично постои околу слатководни езера и пониски текови на реките и мочуриштата. Областа во суштина се состои од слатководни мочуришни шуми. Регионот добива најмалку шест месеци врнежи годишно, кога дрвја се потопени под вода. |
Растителните видови на Амазонија
уредиДождовната шума Амазонија, има огромна жива колекција од растителни видови.[12] Ботаничките експерти велат дека на површина од 10 000 м2 шума може да се најдат 700 различни видови на дрва и дупло повеќе типови на нискостеблести растенија. Шумата е многу густо населена со дрва и тие се многу високи.[9] Голем број достигнуваат висина од 130 метри (а некои видови достигнуваат и 200 метри) и тие создаваат засенето подрачје каде не допира сонцето. Високиот балдахин на дождовната шума на Амазон бил многу непознато место за најголемиот дел од ботаничарите, и тој е дом на илјадници сѐ уште неоткриени видови на инсекти и птици. Идентификувањето на растенијата и дрвјата во дождовната шума било труд на многу генерации ботаничари. Тие направиле неверојатна работа да класифицираат околу 4.000 видови васкуларни растенија, но веројатно ги има многу повеќе. Во секој даден хектар шума може да се најдат над 650 дрва[13]. Тоа е повеќе од сите кои постојат во Соединетите Американски Држави.
Влијанијата на сувата и дождовната сезона
уредиИако е тешко да се поверува, но почвата во Амазонија е многу малку хранлива. Кога ботаничар би погледнал извештај за хранливоста на почвата во Амазонија, би рекол дека таму може да успее само кактус. Ова е вчудовидувачки факт со оглед на тоа дека растат огромни дрва и бујна растителност насекаде. Почвата во Амазонија содржи само 20% од хранливите состојки во шумата, останатите 80% се наоѓаат во самите дрва и растенија. Објаснувањето за овој факт е едноставно; регионот на Амазон има сува и дождовна сезона. Во дождовната сезона нивото на водата на реката Амазон расте драматично и на некои места се покачува за 15 метри во однос на сувата сезона. Ова значи дека за време на врнежливата сезона голем дел од шумата се поплавува. Ова функционира како голем механизам за размена и транспорт на хранливи материи и е круцијално за целата шума. Амазонската почва е како сунгер која иако не е многу хранлива, може да задржи доволно хранливи состојки за да преживееат растенијата до следната врнежлива сезона.
Видови растителност според екосистем
уредиТера фирма
уредиНајчестите видови на растителност се најдени во еквадорските „тера фирма“ дождовни шуми, кои се ридски шуми кои никогаш не се поплавени со дождови или со нивото на водата на реките.[13] Почвата тука е црвена или жолта глина. Просечната висина на шумата е од 25 до 30 метри, при што некои дрвја се качуваат на над 50 метри, со густа грмушка покриена со бршлен и епифити. Оваа формација на шуми засолнува голема разновидност на растенија, особено високи дрвја.[13] Во Националниот парк Јасуни, на пример, тим од ботаничари забележал 650 видови дрвја на еден хектар. Некои од најчестите видови дрвја од дрво се: (1) Палмата Чамбира (Astrocaryum chambira) чии влакна се користат за производство на хамак. (2) Дрво од семејството мимози (Parkia multijuga), кое е познато како спијач, бидејќи пердувестите лисја се затвораат кога се допира (3) Вид на какао кое не е за јадење (Theobroma suincanun) и (4) Огромни дрвја познати како Cedrelinga catenaeformis. Некои од домородните групи Напо го нарекуваат овој тип на шума, "Урку", што на кечуански јазик значи "Рид".
Варзеа
уредиПостојат поплавени рамнини кои се наоѓаат близу до реките со „бела вода“. Почвата во близина на реките со бели води е каллива, песочна, богата со хранливи материи и соодветна за малите земјоделства. Локално местото е познато како "памба" и е подложно на поплави од сезонските дождови и флуктуации на нивото на водата на реката.[13] Тука има помалку видови на растителност, помеѓу 149-417 видови по хектар. Некои од најчестите видови во се: (1) Легендарната амазонска Сејба (Ceiba pentandra) која достигнува височина од 60 метри, (2) Долголисната хеликонија, (Heliconia sp.) које е див и далечен роднина на бананата, чии светло-црвени и портокалови бои привлекуваат колибри (3) Гварумо или сурлести дрвја, (Cecropia sp .): брзорастечки дрвја што ги колонизираат шумите, (4) Инга дрвјата, (Inga sp.), кое припаѓа на семејството зрна (5) Капирона дрвото (Calycophyllum spruceanum), чија црвена кора го инхибира растот на епифитите, и (6) Палми од видот Bactiris sp. и Аstrocaryum murumu, чии хранливи семиња привлекуваат риби кои се хранат со семе.
Игапо
уредиИгапо се езера со црна вода, како што се Лагартокоча или Кујабено или други области со мочуришта. Кечуанските Напо племиња овој вид мочуриште го нарекуваат "мурити туру".[13] Почвата во овие области е многу влажна, црна по боја и кисела. Во овие екстремни услови многу малку видови, освен палмата Морете, се способни да виреат. Други видови мочуришта се состојат од мешавина на палми и дрвја. Ова мочуришта се привремено поплавени. Почвите во овие области се црни, кисели, многу влажни и не се погодни за земјоделство. Некои од најчестите типови на дрвја пронајдени во овој тип на шума се: (1) Палмата Шилеа која обезбедува материјал за изградба на покривите на домовите, и (2) Малата шилеста палма Тагва.
Амазонските растенија и дрвја играат важна улога во регулирањето на глобалната клима и одржувањето на водниот циклус. Шумите што ги формираат се дом на огромната разновидност на животни пронајдени во Амазон[14].
Растителни видови
уредиДом на околу 40.000 растителни видови, вклучувајќи ги и 16.000 видови дрвја, од кои постојано се откриваат нови, амазонската прашума е едно огромно пространство на зеленило и учествува со околу 20% од вкупната распределба на природните шуми во светот. Истражувањата покажале дека еден квадратен километар од амазонската тропска шума може да собере повеќе од 90.000 тони живи растенија[15].
Зелената област на растенија и дрвја во дождовните шуми варира за околу 25% како резултат на сезонските промени. Лисјата се шират за време на сушната сезона кога сончева светлина е максимална, а потоа се повлекува во облачната влажна сезона. Овие промени обезбедуваат баланс на јаглеродот помеѓу фотосинтезата и дишењето.[16]
Банана
уредиЦветовите на бананата се развиваат во овошје. Откако ќе произведе овошје, стеблото умира и веднаш се заменува со ново. Банановите дрва тежат во просек 100 килограми и можат да имаат по 150 банани кои растат истовремено.
Бромелии
уредиАмазонија има повеќе од 2700 различни видови на бромелии (Bromeliaceae). Најдобро познатата бромелија е ананасот којшто го јадеме. Бромелиите може да имаат различни бои како сина, пурпурна, црвена и портокалова.[15] Овие растенија се адаптирале на условите со текот на времето и денес може да се најдат како растат речиси насекаде низ Амазонија. Има бромелии кои растат на земја, други растат на камења и тие кои растат на други растенија и дрва, најчесто на нивните стебла. Бромелиите можат така што растат бидејќи тие можат да апсорбираат влага и хранливи материи од воздухот. Листовите кои се преклопени можат да задржат вода од дождот и ова создава микро екосистем за водни микроорганизми, инсекти, дури и многу мали жаби, саламандери и полжави. Некои животни може да живеат целиот живот во малото езеро на бромелијата.
Орхидеи
уредиОрхидеите се добро познати по нивните прекрасни цветови и може да се најдат во Амазонија. Тие се најголемото семејство на цвеќиња во целиот свет (околу 30.000 различни видови).[15] Тие растат во сите форми и големини, и поради нивната прилагодлива природа, тие растат во скоро сите клими ширум светот, освен на студ. Имаат интензивни миризби коишто ги привлекуваат инсектите, кои ги опрашуваат. Некои се опрашуваат од молците и затоа нивната миризба е поинтензивна навечер.
Воден крин
уредиВодниот крин или џиновската барска тиква (Victoria amazonica) е најголемото цвеќе на светот и може да достигне големина до 2-3 метри во обем.[15] Овој џин може да се најде во мирните води на езерата и во мирните делови на водите во реките. Иако тие се екстрмно големи, тие се многу тенки и тежат многу малку со што можат да лебдат над водата. Во Амазонија има многу езера полни со водни кринови кои речиси прават илузија на цврст под.
Хеликонија
уредиИма околу 40 различни видови хеликонии и тие имаат лист којшто потсеќа на канџа од јастог, со многу светли бои како жолто, зелено , портокалово, црвено, пурпурно и розово. Многу често боите се измешани во еден лист правејќи убави комбинации. Цветовите на хеликониите вообичаено се скриени во структурата на листот и само специјализирани птици или инсекти можат да пристапат до нивниот нектар. Познати по нивната карактеристична долга структура, растенијата хеликонија достигнуваат од 0,5 до скоро 4,5 метри во зависност од видот, а нивните листови се со големина од 15-300 сантиметри). Тие бараат топли и влажни услови да растат, со што се истакнуваат во тропските региони во светот.[15]
Гумено дрво
уредиГуменото дрво (Hevea brasiliensis) од економски аспект е едно од најважните дрвја во дождовната шума на Амазон за домородните народи. Сокот од гумените дрвја е латекс, и сè уште се користи во модерната обработка на гума. Гуменото дрво може да достигне висина до 30 метри. Кога внатрешната кора на дрвото се сече или оштетува од дрвото истекува латексот. Првобитно, ова растение било ендемски вид на дождовната шума во Амазон, но семиња илегално биле шверцувани во Југоисточна Азија, каде што дрвото исто така успешно вирее.[15]
Капок
уредиКапок дрвото е најголемо дрво во амазонската дождовна шума и може да порасне до 60 метри во висина, а неговото стебло може да достигне дебелина од 3 метри. Ова големо дрво најчесто е дом на многу други видови како инсекти, жаби, птици како и лазачи и бромелии. Друг чест посетител на Капок дрвото се лилјаците коишто се привлечени од миризбата на неговите цветови.
Какао
уредиВо шумите на Амазон расте и дрвото какао (Theobroma cacao) чии плодови се главната суровина за производство на чоколадо.
Маракуја
уредиМаракујата (Passiflora) е енергична лоза која може да порасне од 15 до 20 стапки годишно со еден од најнеобичните цветови. Таа добро вирее во тропските клими на амазонскиот басен. Растението дава топчест до јајцевиден плод, жолт или темновиолетов по боја со сочна внатрешност и поголем број семки.
Животински видови
уредиРегионот е дом на околу 2,5 милиони видови на инсекти[17] околу 2.000 птици и цицачи и 2200 риби,[18] 1,294 птици 427 цицачи 428 водоземци и 378 влекачи научно биле класифицирани во оваа област.[19] Еден од пет од сите видови птици се наоѓаат во дождовната шума Амазон, а еден од пет видови риби живеат во амазонските реки и потоци. Научниците опишале помеѓу 96.660 и 128.843 видови безрбетници само во Бразил.[20]
Според Националната Академија на Науките на парцела од 10 квадратни километри, дождовна шува, типично се наоѓаат 125 различни видови на цицачи, 400 видови на птици, 100 типови на влекачи, 60 типови на водоземци и 150 различни типови на пеперутки. Во едно истражување е откриено дека на еден квадратен метар, отпад од лисја, постојат 50 различни видови на мравки[21].
Дождовната шума содржи неколку видови кои можат да претставуваат опасност. Меѓу најголемите грабливи суштества се црниот кајман, јагуарот, пумата и анакондата. Во реката, електричните јагули можат да предизвикаат електричен шок што може да зашеметат или да убие, додека пираната каса и ги повредува луѓето.[22] Различни видови на отровни жаби лачат липофилни алкалоидни отрови преку нивното месо. Исто така, постојат бројни паразити и носители на болести. Вампирските лилјаци живеат во дождовната шума и можат да го рашират вирусот на беснило.[23] Во областа на Амазон постои опасност од болести како маларија, жолтата треска и денгевата треска.
Цицачи
уредиТапир
уредиТапирот (Tapirus terrestris) е едно од најгломазните травопасни животни (160- 270 кг) во Амазонија[24] и е прастар цицач. Тој има невообичаен изглед со “носот” којшто наликува на малечка сурла од слон. Бидејќи неговиот дигестивен систем е многу бавен и неефикасен, тапирот јаде по цел ден и голем дел од тоа што го јаде неговото тело не го дигестира. Поради ова тапирот има голема улга во ширењето на растенијата низ регионот на дождовната шума Амазонија. Има развиени сетила за мирис и слух кои ги користи за избегнување на грабливците. За жал поради неговата големина, тапирот, се лови како храна, ова искомбинирано со неговиот мал степен на репродукција го става на висок ризик за истребување.
Јагуар
уредиНајголемата мачка на американскиот континент, јагуарот (Panthera onca) е моќен ловец на врвот на синџирот на исхрана, познат по неговите точки за камуфлажа и спосоноста да се качува на дрва. Јагуарот може да се движи екстремно брзо низ шумата благодарение на спацијално фатираните шепи. Овие способноси искомбинирани со вилиците кои можат да пробијат оклоп од желка и приоритетот за ноќен лов (јагуарот има одличен вид) го прават вешт и смртоносен грабливец. Тој може да порасне во должина од 1 до 2 метри и тежина помеѓу 36 и 170 кг. Исхраната на јагуарот се состои од големи цицачи како тапирот, мајмуни и елени, исто така може да јаде и влекачи ако е неопходно. Многу тешко е да се види јагуар бидејќи тие се многу добро камуфлирани.[24] Во многу региони јагуарите се стрелаат на нишан поради страв и загриженост за добитокот, што го прави ова прекрасно животно загрозен вид.
Амазонски речен делфин / розов речен делфин
уредиРозовиот речен делфин (Inia geoffrensis), содржи два подвида: I.geoffrensis geoffrensis во Амазон и I. geoffrensis humboldtianain на Ориноко.[24] Исто така познат како "бото", амазонскиот делфин е еден од тропските делфини во светот, кои живеат во слатководните живеалишта. Видот е широко распространет низ поголемиот дел од речните сливови на Амазон и Ориноко. Бото е со бледо розова боја и е различен од останатите делфини со тоа што има флексибилен врат, кој му овозможува да ја преместува главата лево и десно. Има долга муцка, заоблена глава и мала грбна перка, со вкупна должина од 2 до 2,5 метри. Бото се храни со риби и други водни организми како желки и ракови. Овој вид е присутен во најголемите притоки, езера, сливови и сезонски поплавени шуми. Тоа зависи од здравите популации на риби заради неговото преживување. Живеалиштето на бото е загрозено од проектите за развој на реката: градба на хидроелектрани и сл.[24]
Вампирски лилјак
уредиВо Амазонија постојат илјада различни видови на лилјаци. Еден од нив е вампирскиот лилјак којшто во суштина е единствениот што се храни со крв. Тие се многу тивки бидејќи тоа е неопходно за да можат да се хранат од различни видови на цицачи. Кога ќе најдат плен тие прават малечка раничка на кожата на пленот и потоа ја лижат крвта која тече од малата рана. Крвта не се засирува бидејќи вампирскиот лилјак има антикоагулациона супстанца во неговата плунка.
Влекачи
уредиПовеќето влекачи, како што е боата, се месојадни (тие се хранат исклучиво со други животни), додека други, како што е зелената игуана, се примарно тревопасни (тие јадат главно растителни материи).
Боа
уредиБоите се познати во Јужна Америка, и тие се без сомнение најпознатите змии во светот. Распространетата фауна на мочуриштето на реката Амазон и Гвајана вклучуваат пет видови: обична боа или црвеноопашеста боа (Boa constrictor), смарагдна боа (Corallus caninus), амазонска дрвна боа (C. enydris), виножитна боа (Epicrates cenchria ) и зелената анаконда (Eunectes murinus)[25].
За да го убијат својот плен, боите чекаат додека не се појави соодветен плен, се обвиткуваат околу жртвата и ги задушуваат. Пленот може да вклучува риби, желки, гуштери, крокодили, птици, па дури и цицачи, вклучувајќи и елени.
Змиите треба да го проголтаат целиот плен. Голема змија, како што е боа, може да изеде стаорец од 210 гр но и капибара од 9 килограми. Различни видови користат различни живеалишта (на пример, дрва, реки)
Анаконда
уредиЕдна од најдолгите и најтешките змии во светот, која најчесто тежи повеќе од коњ. Анакондата не е отровна. Оваа змија лови на тој начин што го фаќа пленот во заседа и се навртува околу него и го здробува. Анакондата може да проголта, многу пополека, и цела крава. Анакондите не се лесно видливи, но може да се видат кога јадат голем плен бидејќи им се потребни денови да го дигестираат и за време на процесот не се многу подвижни. Анакондата е една од најпознатите и најкарактеристичните животински видови на дождовната шума на Амазон.
Кајмани
уредиНајактивни во текот на ноќта, овие животни јадат риби и други животни што живеат во вода, како што се капибарите, птиците и змиите.
Риби
уредиПирана
уредиПираната (Sarrasalmus species) има страшна репутација низ целиот свет, но овој вид е всушност многу помалку агресивен отколку што обично се верува.[26] Со должина од 35 см, црвената пирана (Sarrasalmus nattereri) е широко распространета и изобилна во реките Амазон. Само кога нивоата на вода и снабдувањето со храна се ниски, препорачливо е да се биде подалеку од нив. Инаку, тие не се опасност за пливачите. Од 20 видови пирана, повеќето се вегетаријански.
Електрични јагули
уредиЕлектричните јагули (Electrophorus electris) можат да достигнат 1,8 метри и да испорачаат електрични шокови до 650 волти. За да го надоместат своето слепило, јагулите имаат електрично поле, кое се користи за откривање и зашеметување на пленот[26].
Пираруку
уредиПираруку (Arapaima gigas) е една од најголемите слатководни риби во светот, со некои големи примероци кои достигнуваат до 150 килограми тежина и 3 метри во должина. Преовладува во езерата и е важен извор на белковини за луѓето од реката на сливот на реката Амазон[26].
Птици
уредиОколу 3.800 видови птици се пронајдени и над 1.300 во Амазон, од кои 28 се ендемски. Постои значителна разновидност во географскиот опсег од еден до друг вид. Додека харпискиот орел се протега од јужиот дел на Средна Америка до Амазон, некои видови на тукан може да се најдат само во релативно ограничени области. На едно место во перуанскиот Амазон околу 575 видови птици биле идентификувани само во рамките на 5.500 хектари од дождовната шума. За споредба, во цела Северна Америка се наоѓаат 700 видови птици[27].
Колибри
уредиКолибрите се мали, хиперактивни птици кои се претставени од повеќе од 300 видови. Тие се толку мали што честопати изгледаат како големи инсекти кога се гледаат оддалеку[27].
Туканот
уредиТуканот (Ramphastos species) е сеприсутен симбол на Амазон и веднаш препознатлив. Перјето му е шарено со зелени, жолти, црвени и бели делови. Птицата е од 31 до 61 см голема.
Инсекти
уредиМравки секачи на лисја
уредиМравките секачи на лисја (Atta) совршено ја унапредиле вештината од адаптација за преживување во последните 50 милиони години. Тие имаат многу специјализиран социјален систем каде секоја мравка има своја работа како заштитник на колонијата, чувар на млади мравки, секач на лисја, градинар итн. Мравките секачи на лисја дури користат земјоделски систем за одржување, собирајќи фрагменти од различни видови на растенија и дрва, а не само еден растителен вид, за да ги употребат во нивните габични градини што е нивниот извор на храна. Тие живеат на тлото на шумата и најчесто градат подземен комплекс од тунели и комори каде ги одгледуваат и жнеат нивните габични градини и се заштитуваат од надворешните опасности. Овие комплекси исто така му помагаат на комплетниот екосистем на Амазонија при подобрувањето на хранливоста на почвата. Единствените природни грабливци на мравките секачи се армадилите, големите мравојади и некои месојадни крлежи. За разлика од многу други видови мравките секачи не се загрозен вид.
-
Папагали во Јасуни Национален Парк, Еквадор
Човечка активност
уредиВрз основа на археолошки докази од ископувањата во Каверна де Педра Пинтада, човечките жители најпрво се населиле во регионот на Амазон пред најмалку 11.200 години.[28] Последователниот развој подоцна довел до праисториски населби долж периферијата на шумата од 1250 година, што предизвикало промени во шумската покриеност.[29]
Долго време се мислело дека дождовната шума во Амазон е насекаде ретко населена, бидејќи е невозможно да се одржи голема популација преку земјоделство со оглед на лошата почва. Археологот Бети Мегерс била истакнат поборник на оваа идеја, како што е опишано во нејзината книга Амазонија: Човекот и културата во фалсификуван рај[30]. Таа тврди дека густината на населеност од 0,2 жители на квадратен километар е максимумот што може да се одржи во дождовната шума преку лов, бидејќи за да се прехрани некоја поголема популација потребно е луѓето да се занимаваат и со земјоделство.[31] Сепак, неодамнешните антрополошки наоди сугерираат дека регионот всушност бил густо населен. Околу 5 милиони луѓе можеби живееле во регионот Амазонија во 1500 година, поделени меѓу густите крајбрежни населби, како што е Марахо заедно со жителите на внатрешноста.[32] До 1900 година населението паднало на 1 милион и до раните 1980-ти години било помалку од 200.000.[32]
Првиот Европеец кој патувал по должината на реката Амазон бил Франсиско де Орелана во 1542 година.[33] Документарниот серијал Неприродни истории[34] на Би-Би-Си покажал докази дека Орелана, наместо да ги преувеличува своите тврдења како што претходно се мислело, бил точен во неговите согледувања дека комплексната цивилизација цветала по Амазон во 1540-тите. Се верува дека цивилизацијата подоцна била уништена од ширењето на болести од Европа, како што се сипаниците.[35]
Од 1970-тите, бројни геоглифи се откриени на пошумените земји коишто датираат од 1250, продолжувајќи ги тврдењата за предколумските цивилизации.[36][37] Ондемар Диас прв ги открил на геоглифите во 1977 година а Алцеу Ранци продолжил во нивното откривање откако летал над Акри.[35][38] Во Неприродни истории на Би-Би-Си претставиле докази дека дождовната шума на Амазон, наместо да биде обична дивина, била обликувана од човекот најмалку 11.000 години преку практики како што се шумарството и тера прета.[35] Тера прета се наоѓа на големи површини во шумата Амазон; и сега нашироко е прифатено како производ на домородното управување со почвите. Развивање на оваа плодна почва го дозволувало земјоделството и шумарството во претходно непријателската средина; што значи дека голем дел од дождовните шуми на Амазон веројатно се резултат на вековен човечки менаџмент, и не се случувале природно како што претходно се верувало.[39] Во регионот на племето Ксинг, остатоци од некои од овие големи населби во средината на шумата Амазон биле пронајдени во 2003 година од страна на Мајкл Хекенбергер и неговите колеги од Универзитетот во Флорида. Тука тие пронашле докази за патишта, мостови и големи плази.[40]
Народите на Амазонија
уредиМногу од жителите на Амазонија живееле покрај беловодните реки, каде што имале добри превозни средства, одличен риболов и плодни почви за земјоделство. Кога пристигнале Европејците, тие биле првите населби кои биле погодени, бидејќи Европејците главните реки ги користелекако автопати за патување во внатрешноста на Амазон. Во првиот век од европското присуство, домородното населението било намалено за 90 проценти[41]. Повеќето од останатите народи живееле во внатрешноста на шумата или таму биле турнати од страна на Европејците каде живееле во помали групи[41]. Од освојувањето на Писаро на царството на Инките до крајот на бразилската гумена експанзија околу почетокот на Првата светска војна, Шпанците и Португалците, во име на католицизмот и со благослов на папите ја продолжиле со долгата традиција на злоупотреба.
Денес домородните народи сѐ уште живеат во дождовните шуми, иако речиси сите се погодени од надворешниот свет. Наместо традиционалните алишта, повеќето носат западен тип на облека, користат метални садови, тави и прибор за секојдневниот живот. Некои групи прават ракотворби за да ги продаваат на туристи, додека други патуваат во градот за да однесат храна и производи на пазар. Речиси ниту една матична група не се издржува со традиционалниот номадски лов и собирање. Повеќето освен лов, собирање и риболов кои им служат како секундарен или дополнителен извор на храна, се занимаваат и со обработка на земјиштето. Обично семејството поседува мала куќа со градина со различни растенија и поголема плантажа со површина од еден хектар засадена со банани, манијока или со ориз. Овие насади се создаваат преку традиционалниот метод на расчистување на шумите со горење, што не ѝ штети на шумата доколку истиот се спроведува на традиционален начин[41]. Денес практично речиси нема шумско месно население кое живее на целосно традиционален начин, иако сè уште постојат околу десетина групи кои живеат во доброволна изолација. "Неконтактираните племиња", како што популарно се нарекуваат, најчесто живеат во Бразил и Перу.
Во пределот на Амазонија, пред околу 500 години се проценува дека живееле околу 10 милиони Индијанци. Денес има помалку од 200,000 домородни жители кои останале во Амазонија. Повеќе од 90 племиња биле уништени од 1900 па наваму. Најголемиот дел од шаманите се на возраст од околу 70 години или постари. Со нив заминува огромно знаење за медицинските растителни и животински видови.
Земја | Неконтактирани групи | Проценето население |
Боливија | 6 до 10 | < 500 |
Бразил | 77 | Неколку илјади |
Колумбија | 3 до 5 | < 1000 |
Еквадор | 3 | < 300 |
Перу | 12 до 15 | < 1000 |
Венецуела | 2 до 3 | Неколку илјади |
Уништување на шумата во Амазонија
уредиПроцесот на уништување на дождовната шума е поцес на обешумување. Главни причини поради кои се уништува дождовната шума е дека таа се претвора во населено место а шумите се сечат и за развој на земјата.[42] Во почетокот на шеесеттите пристапот до дождовната шума бил строго ограничен и шумата останала речиси недопрена.[43].
Фармите кои биле основани во 1960-тите се базирале на сечење и палење на растителноста. Главни проблеми на фармерите била неплодноста на почвата и инвазијата на треви. Заради надминување на истите и согласно редовните фармерски практики за поголеми површини на обработливо земјиште довеле до уништување на шумата и предизвикале зголемено оштетување на околината[44][45].
Помеѓу 1991 и 2000 година вкупната површина на уништената шума пораснала од 415,000 до 587,000 км2, при што најголемиот дел од уништената шума се користел како пасиште за добитокот. Седумдесет проценти од претходно уништената шума кај Амазон и 91% од опустошената земја од седумдесеттите па наваму, се користела за сточни пасишта.[46][47] Во продолжение, Бразил е втор најголем производител на соја по САД. Потребата од фармери кои произведуваат соја била да се озаконат контраверзните проекти за превоз кои моментално се развиваат во пределот кај Амазон.[48] Првите два автопати успешно ја направиле достапна дождовната шума и довеле до поголемо сечење и уништување. Просекот на годишно обешумување од 2000 до 2005 бил 22,392 км2 односно, 18% повисока од претходните пет години 19,018 км2. Со моменталната стапка, за две декади Амазонија би била намалена за 40%. Иако уништувањето на шумите значително се намалило во бразилскиот Амазон помеѓу 2004 и 2014 година, тоа сè уште е во пораст.[49]
-
Сателитско набљудување на НАСА на обешумувањето на Мато Гросо (Бразил).
-
Пошари и обешумување во државата Рондонија.
-
Последица од расчистување шума: густ чад над дождовната шума
Наводи
уреди- ↑ „Amazon | Places | WWF“. World Wildlife Fund (англиски). Посетено на 2018-01-04.
- ↑ „Field Museum scientists estimate 16,000 tree species in the Amazon“. EurekAlert! (англиски). Посетено на 2018-01-04.
- ↑ „Amazon River | Facts, History, Animals, & Map“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2018-01-04.
- ↑ 4,0 4,1 Taylor, Isaac (1898). Names and Their Histories: A Handbook of Historical Geography and Topographical Nomenclature. London: Rivingtons. ISBN 0-559-29668-1. Посетено на October 12, 2008.
- ↑ ↑ (en) Mark Maslin, Yadvinder Malhi, Oliver Phillips et Sharon Cowling, « », Transactions of the Institute of British Geographers, 18 août 2005, p. 21
- ↑ Colinvaux, P.A. De Oliveira, P.E. 2000. Palaeoecology and climate of the Amazon basin during the last glacial cycle. Wiley InterScience. (abstract[мртва врска])
- ↑ Van der Hammen, T. Hooghiemstra, H.. 2002. Neogene and Quaternary history of vegetation, climate, and plant diversity in Amazonia. Elsevier Science Ltd. (abstract)
- ↑ Colinvaux, P. A.; De Oliveira, P. E.; Bush, M. B. (January 2000). „Amazonian and neotropical plant communities on glacial time-scales: The failure of the aridity and refuge hypotheses“. Quaternary Science Reviews. 19 (1–5): 141–169. Bibcode:2000QSRv...19..141C. doi:10.1016/S0277-3791(99)00059-1.
- ↑ 9,0 9,1 1963-, Turner, I. M. (Ian Mark) (2001). The ecology of trees in the tropical rain forest. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0521801834. OCLC 56130792.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Amazon ecosystems“ (англиски). Посетено на 2018-01-04.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 „Ecosystems of the Amazon Rainforest“. Rainforest Cruises (англиски). Посетено на 2018-01-04.
- ↑ "Amazon Rainforest, Amazon Plants, Amazon River Animals". World Wide Fund for Nature.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 B., Gonzalo Alvarez. „Flora in the Amazon Rainforest, species and biodiversity“. www.manateeamazonexplorer.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-01-19. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ „Amazon plants and trees“ (англиски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 „The Coolest Plants in the Amazon Rainforest“. Rainforest Cruises (англиски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ Mynenia, Ranga B.; и др. (March 13, 2007). „Large seasonal swings in leaf area of Amazon rainforests“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 104 (12): 4820–4823. Bibcode:2007PNAS..104.4820M. doi:10.1073/pnas.0611338104. PMC 1820882. PMID 17360360.
- ↑ „Photos / Pictures of the Amazon Rainforest“. Travel.mongabay.com. Архивирано од изворникот на December 17, 2008. Посетено на December 18, 2008.
- ↑ James S. Albert; Roberto E. Reis (March 8, 2011). Historical Biogeography of Neotropical Freshwater Fishes. University of California Press. стр. 308. Архивирано од изворникот на June 30, 2011. Посетено на June 28, 2011.
- ↑ Da Silva; Jose Maria Cardoso; и др. (2005). „The Fate of the Amazonian Areas of Endemism“. Conservation Biology. 19 (3): 689–694. doi:10.1111/j.1523-1739.2005.00705.x.
- ↑ Lewinsohn, Thomas M.; Paulo Inácio Prado (June 2005). „How Many Species Are There in Brazil?“. Conservation Biology. 19 (3): 619–624. doi:10.1111/j.1523-1739.2005.00680.x.
- ↑ „Amazon Insects“. Mongabay.com. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ Staff (July 2, 2007). „Piranha 'less deadly than feared'“. BBC News. Архивирано од изворникот на July 7, 2007. Посетено на July 2, 2007.
- ↑ da Rosa; Elizabeth S. T.; и др. (August 2006). „Bat-transmitted Human Rabies Outbreaks, Brazilian Amazon“ (PDF). Emerging Infectious Diseases. 12 (8): 1197–1202. doi:10.3201/eid1708.050929. PMC 3291204. PMID 16965697. Архивирано од изворникот (PDF) на October 29, 2008. Посетено на October 11, 2008.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 24,3 „Amazon mammals“ (англиски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ „Amazon reptiles“ (англиски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ 26,0 26,1 26,2 „Amazon fish“ (англиски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ 27,0 27,1 „Amazon birds“ (англиски). Посетено на 2018-01-05.
- ↑ Roosevelt, A. C.; da Costa, M. Lima; Machado, C. Lopes; Michab, M.; Mercier, N.; Valladas, H.; Feathers, J.; Barnett, W.; da Silveira, M. Imazio; Henderson, A.; Sliva, J.; Chernoff, B.; Reese, D. S.; Holman, J. A.; Toth, N.; Schick, K. (April 19, 1996). „Paleoindian Cave Dwellers in the Amazon: The Peopling of the Americas“. Science. 272 (5260): 373–384. Bibcode:1996Sci...272..373R. doi:10.1126/science.272.5260.373.
- ↑ Heckenberger, Michael J.; Kuikuro, Afukaka; Kuikuro, Urissapá Tabata; Russell, J. Christian; Schmidt, Morgan; Fausto, Carlos; Franchetto, Bruna (September 19, 2003). „Amazonia 1492: Pristine Forest or Cultural Parkland?“. Science. 301 (5640): 1710–1714. Bibcode:2003Sci...301.1710H. doi:10.1126/science.1086112. PMID 14500979.
- ↑ Jane., Meggers, Betty (1996). Amazonia : man and culture in a counterfeit paradise (Rev.. изд.). Washington: Smithsonian Institution Press. ISBN 1560986557. OCLC 32969119.
- ↑ Meggers, Betty J. (December 19, 2003). „Revisiting Amazonia Circa 1492“. Science. 302 (5653): 2067–2070. doi:10.1126/science.302.5653.2067b. PMID 14684803.
- ↑ 32,0 32,1 Chris C. Park (2003). Tropical Rainforests. Routledge. стр. 108.
- ↑ Smith, A (1994). Explorers of the Amazon. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0-226-76337-4.
- ↑ MacLaren, Deborah, Unnatural Histories, Посетено на 2018-01-05
- ↑ 35,0 35,1 35,2 „Unnatural Histories – Amazon“. BBC Four. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Simon Romero (January 14, 2012). „Once Hidden by Forest, Carvings in Land Attest to Amazon's Lost World“. The New York Times. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Martti Pärssinen; Denise Schaan; Alceu Ranzi (2009). „Pre-Columbian geometric earthworks in the upper Purús: a complex society in western Amazonia“. Antiquity. 83 (322): 1084–1095. doi:10.1017/s0003598x00099373. Архивирано од изворникот на 2014-11-03.
- ↑ Junior, Gonçalo (October 2008). „Amazonia lost and found“. Pesquisa (ed.220). FAPESP. Архивирано од изворникот на 2014-08-12.
- ↑ The influence of human alteration has been generally underestimated, reports Darna L. Dufour: "Much of what has been considered natural forest in Amazonia is probably the result of hundreds of years of human use and management." "Use of Tropical Rainforests by Native Amazonians," BioScience 40, no. 9 (October 1990):658. For an example of how such peoples integrated planting into their nomadic lifestyles, see Rival, Laura (1993). „The Growth of Family Trees: Understanding Huaorani Perceptions of the Forest“. Man. 28 (4): 635–652. doi:10.2307/2803990.
- ↑ Heckenberger, M.J.; Kuikuro, A; Kuikuro, UT; Russell, JC; Schmidt, M; Fausto, C; Franchetto, B (September 19, 2003), „Amazonia 1492: Pristine Forest or Cultural Parkland?“, Science (објав. 2003), 301 (5640), стр. 1710–14, Bibcode:2003Sci...301.1710H, doi:10.1126/science.1086112, PMID 14500979
- ↑ 41,0 41,1 41,2 41,3 „Amazon People“. Mongabay.com. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ Various (2001). Bierregaard, Richard; Gascon, Claude; Lovejoy, Thomas E.; Mesquita, Rita (уред.). Lessons from Amazonia: The Ecology and Conservation of a Fragmented Forest. Yale University Press. ISBN 0-300-08483-8.
- ↑ Kirby, Kathryn R.; Laurance, William F.; Albernaz, Ana K.; Schroth, Götz; Fearnside, Philip M.; Bergen, Scott; M. Venticinque, Eduardo; Costa, Carlos da (2006). „The future of deforestation in the Brazilian Amazon“ (PDF). Futures. 38 (4): 432–453. doi:10.1016/j.futures.2005.07.011.
- ↑ Watkins and Griffiths, J. (2000). Forest Destruction and Sustainable Agriculture in the Brazilian Amazon: a Literature Review (Doctoral dissertation, The University of Reading, 2000). Dissertation Abstracts International, 15–17
- ↑ Margulis, Sergio (2004). Causes of Deforestation of the Brazilian Amazon (PDF). World Bank Working Paper No. 22. Washington D.C.: The World Bank. ISBN 0-8213-5691-7. Архивирано од изворникот (PDF) на September 10, 2008. Посетено на September 4, 2008.
- ↑ Centre for International Forestry Research (CIFOR) (2004)
- ↑ Steinfeld, Henning; Gerber, Pierre; Wassenaar, T. D.; Castel, Vincent (2006). Livestock's Long Shadow: Environmental Issues and Options. Food and Agriculture Organization of the United Nations. ISBN 92-5-105571-8. Архивирано од изворникот на July 26, 2008. Посетено на August 19, 2008.
- ↑ „Impacts and Causes of Deforestation in the Amazon Basin“. kanat.jsc.vsc.edu. Архивирано од изворникот на 2013-06-15. Посетено на 2018-01-05.
- ↑ „INPE: Estimativas Anuais desde 1988 até 2009“. inpe.br. Архивирано од изворникот на 2010-11-30. Посетено на 2018-01-05.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Амазонија. |
- Амазонија на Ризницата ?
- Патување во Амазонија
- Амазон: Најголемата дождовна шума на светот
- Амазонската прашума
- Вести за Амазонија
- Amazon-Rainforest.org Информација за шумата, народите, местата.
- Конференција: Климатска промена и судбината на Амазонија. Универзитет Оксфорд, 20–22 март 2007.