Mравојад ( Myrmecophagidae) животно кое е вистинска смукалка за мравките и термитите. Се храни со инсекти на тој начин што со канџите од своите предни шепи ги уништува мравјалниците и живеалиштата на термитите. Потоа во нив ја вовлекува издолжената глава и го започнува својот оброк. Со помош на 40 сантиметри долгиот леплив јазик, тој ги собира инсектите и ги голта. Оваа техника е многу ефикасна, така што во текот на еден ден тој може да проголта и до 30 000 мравки и термити! Многумина го сметаат за лесен плен, но кога не ќе успее да им избега на грабливците, енергично се брани со помош на моќните канџи. При одбрана го користи и јазикот : тој е толку долг и тенок што мравојадот може да го задуши напаѓачот вовлекувајќи му го во ноздрите!

Мравојад
Tamandua mexicana
Tamandua mexicana
Класификација Ред:неполнозаби;
Семејство:мравојади;
Тежина од 18 до 40 кг
Живее околу 14 г
Полова зрелост меѓу 18 и 24 месеци
Период на носење 6 месеци
Број на млади 1 малечко
Непријатели пумата и јагуарот
Се храни со се храни со инсекти
Друштвеност води самостоен живот
Заштита Бројто на видови на мравојади е во опаѓање;
се сметаат за загрозени
Интересно Кога мравојадот ќе се соочи со пума
Битката завршува со смрт на двајцата



Распространетост

уреди

Мравојадот живее во шумите и во шумовитите савани во Јужна и Средна Америка

Џиновски мравојад е застапен во деловите на Јужна Америка т.е во предели со ниски треви.  Долг е околу 2,5 метри и има голема и дебела опашка . Има долг јазик со должина од 1 метро и има долга , тенка и шпицеста глава која што е слична со армадилото за да може добро да ги улови инсектите , глувците и слично. Исто така трча 45 километри на час . На нозете има остри кани коишто при трчање ги собира и кога трча потскокнува . Пример : ако има напади од големи и опасни животни тој брзо трча и се сокрива во непроодни грмушки .

Галерија

уреди