Колибри (Trochilidae)
Четири вида колибри
од Тринидад и Тобаго
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Чиопи
Семејство: Trochilidae
Вид: Колибри

Колибри (научTrochilidae) — семејство птици кои се блиски со сродните вистинските чиопи (Apodidae) и на чубастите чиопи (Hemiprocinidae), сите заедно влегуваат во заеднички ред на чиопите (Apodifoemes). Одредени автори ги издојуваат колибрите во сопствен ред. Семејството на колибрите има повеќе од 100 родови и околу 330-340 видови.

Изглед и градба на телото

уреди

Колибрите се многу мали птици. Најмалите колибри кои истовремено се најмал вид на птици воопшто, Mellisuga helenae, заедно со клунот и пердувите на опашката се долги само 6 cm. Најголем вид е Patagona gigas, а големи се околу 25 cm. Поголемиот број колибри имаат шарени пердуви, по правило со метален сјај.

Особености

уреди
 
Колибри

Колибрите имаат многу голема честота на замавнување со крилјата, дури до 80 замавнувања во секунда. Тоа им овозможува лет на страна и на назад,[1] а может да лебдат во воздухот во едно место. Уште една особина на колибрите е што имаат осум пара ребра, другите птици имаат по шест. Срцето им работи од 400 до 500 удари во минута, дури и кога одмараат, а највисокиот отчукај на срцето е измерен на 1260 удари во минута. Бројот на вдишувања во минтуа им е 250. Додека спијат, драстично им се смалува честотата на удари на срцето.

Наводи

уреди
  1. Altshuler, D. L.; Dudley, R (2002). „The ecological and evolutionary interface of hummingbird flight physiology“. The Journal of Experimental Biology. 205 (Pt 16): 2325–36. PMID 12124359.