Ананас
Ананас,плодот на матичното растение
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Бромелии
Потсемејство: Ананаси
Род: Ананас
Вид: A. comosus
Научен назив
Ananas comosus
(L.) Merr.
Синоними

Ananas sativus

Ананас (науч. Ananas comosus) — растение именувано според сличноста на изгледот со оној на шишарката. Станува збор за тропско растение со јадлив зрнест плод кое се збир од повеќе зрнести плодови, и нјисплатвливото од економска гледна точка растение во семејството бромелии. Ананасите може да се одгледуваат со сечење на врвот на овошјето, со цветење по период од 20-24 месеци и плодност во наредните шест месеци. Ананасот не созрева значително по жетвата. Ананасите може да се јадат свежи и зготвени, конзервирани, исцедени, и се дел од голем број на оброци. Покрај за исхрана, на Филипините, листовите од ананасот се користат за производство на текстилно влакно- пиња кое, меѓу многуте употреби, се користи и како состав на хартијата за ѕид и мебел.[1]

Потекло на поимот

уреди
 
Ананас и напречен пресек на плодот.

Зборот ананас во англискиот јазик првпат било забележано во 1398 година кога првично се користело да се опишат репродуктивните органи на иглолисните растенија (сега се нарекуваат шишарки). Поимот „шишарка“ за репродуктивните органи на иглолисните дрвја првпат е забележан во 1694 година. Кога европските истражувачи го откриле ова тропско овошје во Америка, тие ги нарекле „ананаси“ ( прво се спомнуваат во 1664 година поради сличниот изглед со шишарките).[2][3]

Во научниот бином (науч. Ananas comosus), оригиналното име на овошјето доаѓа од зборчето на Тупските јазици- нанас,што значи „одлично овошје“ ,[4], и комосус „со туфни“ кое се однесува на стеблото на овошјето според записот на Андре Тевет во 1555 година. Другите членови на родот ананас, често се нарекуваат „шишарки“ како и во други јазици. На шпански, ананасите се нарекуваат пиња ("шишарка"), или анана (ананас) (пример: пијалакот Пина Колада).

Ботаника

уреди
 
Цвет на ананас Ириомоте, Јапонија

Ананасот е повеќегодишно тревесто растение, кое расте од 1 до 1,5 метри во височина, но можат да се сретнат и повисоки примероци. По надворешноста, растението има кратко, ниско стебло со тврди, бледи листови. Кога ги создава своите плодови, обично дава плод од 200 цветови, иако некои големи овошни сорти можат да имаат и повеќе цветови. Откако ќе процвета, поединечните плодови на цветовите се сврзуваат заедно за да создадат плод кој се нарекува ананас.

Опрашување

уреди
 
Плодот на ананасот во самиот почеток

Опрашувањето е потребно за формирање на семето, но присуството на семињата негативно влијае на квалитетот на плодот. На Хаваите, ананасот се одгледува на големи земјоделски површини, и од оваа причина увозот на колибри е забранет. Дивите ананаси ги опрашуваат лилјаци. Од оваа причина тие цветаат во текот на ноќта.

Кулинарски употреби

уреди
Свеж ананас
Хранлива вредност на 100 г
Енергија209 kJ (50 kcal)
13,12 г
Шеќери9,85 г
Влакна1,4 г
0.12 г
0,54 г
Витамини
Тиамин 1)
(7 %)
0,079 мг
Рибофлавин 2)
(3 %)
0,032 мг
Ниацин 3)
(3 %)
0,5 мг
Пантот. кис. 5)
(4 %)
0,213 мг
Витамин Б6
(9 %)
0,112 мг
Фолна кис. 9)
(5 %)
18 μг
Холин
(1 %)
5,5 мг
Витамин Ц
(58 %)
47,8 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
13 мг
Железо
(2 %)
0,29 мг
Магнезиум
(3 %)
12 мг
Манган
(44 %)
0,927 мг
Фосфор
(1 %)
8 мг
Калиум
(2 %)
109 мг
Натриум
(0 %)
1 мг
Цинк
(1 %)
0,12 мг

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Месестиот дел и сокот од ананасите се користат во кујните ширум светот. Во многу тропски земји, ананасот се подготвува и се продава на патиштата како брз оброк. Тие се продаваат цели или на половина. Парчињата од ананас не се користат само за десерти како на пример во овошните салати, туку е и главна состојка во голем дел од солените јадења, на пример во хамбургерите и пиците. Мелениот ананас се користи за јогурт, џем, колачиња и сладолед. Сокот од ананас се служи како пијалак и исто така е главна состојка во коктелите како што е пинаколада.

Исхрана

уреди

Суровиот ананас е одличен извор на манган (76% од дневно препорачана доза од една чаша) и витамин Ц (131 % од дневно препорачана доза од една чаша). Ананасот во своето стебло го содржи протеличкиот ензим, бромелин, кој ги разложува белковините. Ако содржи големо количество на бромелин, сокот од суровиот ананас може да се користи како маринада за месо и како зачин за смекнување. Ананасовите ензими можат да се користат и при подготовката на храна, како желе или други десерти чија основа е желатинот, но иститеможно е да се уништат за време на готвењето и конзервирањето. Присуството на бромелин во плодот е незначително, за разлика од стеблото. Поради оваа своја одлика бромелинот помага при варењето на храната.

Историја

уреди
 
Приказ на Чарлс II на кого му е донесен првиот ананас одгледан на тлото на Англија (слика на Хендрик Данкерц од 1675 година).

Растението потекнува од Јужна Америка најверојатно во пределите меѓу Бразил и Парагвај, сепак важно е да се напомене дека малку се знае за потеклото на припитомениот ананас. Пикерсгил, 1976 година (Pickersgill, 1976). М.С.Бертони сметал дека канализационата мрежа на реките Парана-Парагвај да биде местото на потеклото на „ A. Comosus“. Домородците на јужниот дел на Бразил и Парагвај го шират ананасот низ Јужна Америка и тоа на крајот ги опфати Карибите, Средна Америка и Мексико, каде што се одгледувале од Маите и Ацтеките. Колумбо наишол на ананасот во 1493 година на Заветрените Острови, односно Гваделуп. Тој го нарекол „ piña de Indias“, со значење „шишарка на Индијанците“ и го донел назад со него во Европа, притоа правејќи го ананасот првата бромелија што ја напушти Новиот Свет.

Наводи

уреди
  1. piña cloth – definition of piña cloth by the Free Online Dictionary, Thesaurus and Encyclopedia. Thefreedictionary.com. Посетено на 2011-10-02.
  2. Oxford English Dictionary entries for pineapple and pine cones, 1971.
  3. History of the Pineapple Архивирано на 29 август 2015 г..
  4. Davidson A. (2008) The Penguin Companion to Food. Penguin Books.