Рондонија
Рондонија (Rondônia (изговор [xõˈdõnia])[1]) е држава во Бразил, сместена во северозападниот дел. на запад се граничи со Акре, на север со Амазони, на исток со Мато Гросо и на југ со Боливија. Престолнина е Порто Вељо. Крстена е по Кандидо Рондон.
Главен град | Порто Вељо |
Најголем град | порто Вељо |
Службен јазик | Португалски |
- Гувернатор | Иво Касшол |
- Вице Гувернатор | Жоао Каула |
Површина | |
- Вкупно | 237,576.16 км² ({{{површина поредок}}}.) |
- Вода (%) | {{{вода}}}% |
Население | |
- 2006 | 1,562,417 ({{{население поредок}}}.) |
- Густина | 6.6/km² ({{{густина поредок}}}.) |
БДП (ПКС) | 2006 приб. |
- Вкупно | 13,110,000,000 ({{{БДП поредок}}}.) |
- По глава на жител | 8,391 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.) |
ИЧР (2006) | 0.776 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок |
Валута | |
Часовен појас | UTC {{{часовен појас}}} |
НДД | [[]] |
Повикувачки број | +
|
Географија
уредиТериторијата на државата воглавно е покриена со Амазонска дождовна шума, но околу три петини од земјата е обесшумена и налесивање на територијава започнало дури после 1970-та. Повеќето од населението живее во урбани подрачја. Рондонија главно извезува дрвја, кафе, кокос и др.
Клима
уредиЕкваторска клима владее до државава, нема сува сезона – преку сите месеци има силна врнежливост, околу 60 милиметри. Тропска дождовна шума е основната вегетативност.
Демографија
уредиСпоред БИГС во 2007, населението брои 1,597,000 . со густина 6.6 ж./км2.
Урбанизација: 66.8% (2004); прираст: 2.2% (1991-2000); Домаќинства: 430,747 (2005).[2]
Структура: 934,000 Пардо (53.8%), 590,000 Бели (37.0%), 114,000 Афро-Бразилси (7.2%), 35,000 Азијати или Домородци (2.2%).[3]
Тривија
уредиВозила: 337,089 (март/2007); Мобилни телефони: 730.000 (април/2007); Телефони: 247.000 (април/2007); градови: 52 (2007).[4]
Стопанство
уредисекторот за услуги зафаќа најголем дел од БДП со 54.1%, следен од индустрискиот сектор со 30.6%. Земјоделство 15.3% од БДП (2004). Државата извезува: дрво 83.6%, кафе 8.7%, гранит 3.2%, месо 3.1% (2002).
Удел во Бразилската економија: 0.7% (2005).
Образование
уредиПортугалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции
уреди- Федерален Универзитет на Рондонија (Unir);
- факултет за Научна Администрација и Технологија (Fatec-RO);
- факултет за Хумани науки (Faro);
- Факултет Порто Вељо (FIP);
Инфраструктура
уредиМеѓународен аеродром
уредиАеродром Порто Вељо/Гувернатор Жорже Теиксеира де Оливеира е сместен седум километри од градот, на секој час има автобуси од градот до аеродромот. Аеродромот има 98 летови неделно, повеќето кон останатите бразилски држави.
Автопати
уредиBR-174, BR-317, BR-319, BR-364, BR-421, BR-425, BR-429.
Пристаниште
уредиCai n'Água пристаништето е сврзано со Порто Вељо до Хумаита, Маникоре и Манауш.
Племиња
уредиПлемињата во Рондонија се едни од најизолираните. Првиот контакт со нив е остварен дури 1995, кога броеле само седум души. Во 2006-та се веќе шестмина.Сместени се во југозападниот регион на Рондонија. Друго изолирано племе познато како Каное од Омере живее покрај нивното село.[5]
Малцински јазици
уредиЏеоромиткси (Јабути), Макро-Ге јазик, Гивиао, Н‘енгату, Тењарим, Амундава, Суруи итн. Некои од изумрените доммородски јазици зборувани во рондонија се: Тукуманфед, Карипунаа, Вирафед, итн. После 1960-тите, се зборува Померански (Германски јазици).
Знаме
уредиЗнамето е дизајнирано од страна на Карваљо Фејтоза и адоптирано со закон No. 41 на 22 декември 1981-ва. Знамето ги има истите бои како и националното Знаме на Бразил, со ѕвезда во средината која ја симболизира новата држава.
Наводи
уреди- ↑ In Brazilian Portuguese. The European Portuguese pronunciation is [ʁõˈðoniɐ].
- ↑ Source: PNAD.
- ↑ Síntese de Indicadores Sociais 2007 (PDF) (португалски). Rondônia, Brazil: IBGE. 2007. ISBN 85-240-3919-1. Посетено на 2007-07-18.
- ↑ Source: IBGE.
- ↑ Akuntsu and Kanoê, Survival. Посетено на 1st December 2006.
Рондонија е спомната во поемата "Плач за Рондонија" од Британскиот по потекло автор Ел Гогелехеад.
Поврзано
уредиПовеќе за Rondônia на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- (англиски) Бразил
- (португалски) Официјална страница
- (англиски) Бразислки туристички портал Архивирано на 12 декември 2007 г.
- (англиски) Рондонија Web