Алексеј I Романов
Алексеј Михајлович Романов (руски:Алексей Михайлович) (роден на 19 март 1629 во Москва - починал на 29 јануари 1676 во Москва) бил цар на Русија во средината на 17. век. По неговата смрт во 1676, Руското царство се простирало на површина од околу 8 милиони квадратни километри.
Алексеј I | |
---|---|
Цар на цела Русија | |
На престол | 14 јули 1645 - 29 јануари 1676 |
Претходник | Михаил |
Наследник | Фјодор III |
Жени | |
Деца | Дмитриј Алексеевич Евдокија Алексеевна Марта Алексеевна Алексеј Алексеевич Ана Алексеевна Софија Алексеевна Екатерина Алексеевна Марија Алексеевна Фјодор III Теодосија Алексеевна Симеон Алексеевич Иван V Евдокија Алексеевна Петар I Наталија АЛексеевна Фјодора Алексеевна |
Татко | Михаил Романов |
Мајка | Евдокија Стрешнева |
Шизмата со Староверците
уредиВо 1653, патријархот Никон воспоставил низа реформи кои имале за цел да ги усогласат практиките на Руската православна црква со Грчката црква. Најзначајно, црквата почнала да наложува употреба на три прсти наместо два при прекрстување. Ова резултирало со значително несогласување помеѓу верниците. Сепак, Алексеј продолжил да го поддржува Никон до 1658, кога тој ја напуштил функцијата поради лична навреда, оставајќи го местото на патријархот празно.[1]
Во 1666, царот го свикал Големиот московски собор, на кој присуствувале и антиохискиот патријарх Макариј III и александрискиот патријарх Пајсиј, со цел да се решат проблемите предизвикани од Никон. Соборот се согласил официјално да го отповика Никон, а исто така одлучил да ги екскомуницира сите кои се противеле на реформите на црквата; овие противници се отцепиле од официјалната Руска православна црква и го формирале движењето на староверците.[1]
Низ Русија, староверците биле жестоко прогонувани. Еден од нив бил Авакум, „водачот на староверците“. Алексеј „ги закопал живи неговата жена и деца пред него; а тој самиот бил прогонет“.[2]
Семејство и деца
уредиПрвиот брак на Алексеј со Марија Милославскаја бил хармоничен и среќен. Таа му родила тринаесет деца (пет сина и осум ќерки) во дваесет и една година брак, а починала само неколку недели по нејзиното тринаесетто породување. Ја надживеале четири сина (Алексеј, Фјодор, Симеон и Иван), но во рок од шест месеци по нејзината смрт, двајца од нив биле мртви, вклучувајќи го и Алексеј, 15-годишниот престолонаследник. Нивни деца биле:
- Царевич Димитриј Алексеевич (1648–1649); престолонаследник; починал во детството
- Царевна Евдокија Алексеевна (1650–1712)
- Царевна Марфа Алексеевна (1652–1707)
- Царевич Алексеј Алексеевич (1654–1670); престолонаследник; починал на 15 години
- Царевна Ана Алексеевна (1655–1659); починала во детството
- Царевна Софија Алексеевна (1657–1704), регент на Русија (1682–89) за нејзините двајца помлади браќа;[3] никогаш не се венчала
- Царевна Катерина Алексеевна (1658–1718)
- Царевна Марија Алексеевна (1660–1723)
- Фјодор III (1661–1682); го наследил неговиот татко како Цар на Русија;[4] не оставил потомство
- Царевна Феодосија Алексеевна (1662–1713)
- Царевич Симеоно Алексеевич (1665–1669); починал во детството
- Иван V (1666–1696); заедно владеел со неговиот помлад полубрат Петар Велики;[5] бил татко на императорката Ана
- Царевна Евдокија Алексеевна (1669–1669)
Алексеј повторно се оженил на 1 февруари 1671 за Наталија Наришкина (1 септември 1651 – 4 февруари 1694). Со неа ги имал следниве деца:
- Петар I (1672–1725), познат како "Петар Велики", цар на Русија и прв император на Руската Империја
- Царевна Наталија Алексеевна (1673–1716)
- Царевна Фјодора Алексеевна (1674–1678)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Moss, Walter (2002). A History of Russia: To 1917. Anthem Press. стр. 208–209. ISBN 9781843310235.
- ↑ Montefiore, Simon Sebag (2016). The Romanovs (англиски). United States: Vintage Books. стр. 43–59. ISBN 9780307280510.
- ↑ „Sophia“. Encyclopaedia Britannica. Посетено на 18 October 2018.
- ↑ „Fyodor III“. Encyclopaedia Britannica. Посетено на 18 October 2018.
- ↑ „Peter I“. Encyclopaedia Britannica. Посетено на 18 October 2018.